НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Logo-Slavej finallПо повод светскиот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“, Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ а.д. Скопје го прогласува месец декември 2013 година за „МЕСЕЦ БЕЗ ПАРТИЦИПАЦИЈА“ за ортопедските помагала за членовите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, што значи дека сите членови кои ќе дојдат во Ценаторот  за ортотика и протетика СЛАВЕЈ а.д. Скопје со потврда  за потреба на ортопедско помагало заверена во месец декември 2013 година и членска книшка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија  - Мобилност Македонија, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за ортопедско помагало кое им е препишано со потврдата.

Со ова  Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ а.д. Скопје го дава својот скромен придонес во одбележувањето на светскиот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“ и подршка на лицата со телесен инвалидитет на кои им е потребно ортопедско помагало.