По повод 3-ти Декември - Медјународниот ден на лицата со инвалидност, делгација на Нацииналниот совет на инвалидските организации на Македонија, во која партиципираа претседателите на здрузените цхленки, медју кои и на Мобилност Македонија беше во работна протоколарна посета со Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, во неговиот кабинет. Беше дискутирано за предизвиците кои стојат пред националните инвалидски организации и можноста на Претседателот да делува во интерес на остварувањето на правата и подобрувањето на положбата на лицата со инвалидност во РМ. Моето излагање беше во контекст на подигаање на јавната свест за можностите на лицата со телесен инвалидитет, потоа апел за целосно почитување на одредбите од донесените закони, пред се на одредбите кои се однесуваат на пристапноста, образованието и вработувањето на лицата со телесен инвалидитет. Секако дека ги афирмирав и постигнувањата на македонските параолимпијци стрелци и потребите за што поуспешен тренажен процес и настап на Параолимписките игри во Рио 2016 година.