logoSlavejНационалниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), како кровна организација чија членка е и нашиот сојуз Мобилност Македонија, на 08.07.2016 година потпиша Меморандум за соработка со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје. Меморандумот го потпишаа генералниот директор на „Славеј“ АД Скопје, Горан Чаловски и раководителот на службата на НСИОМ, Драган Дојчиноски.

Како првична соработка, во рамките на содржината на меморандумот, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје ќе вложи сопствени средства за целосно реновирање на дел од санитарниот јазол кој се наоѓа во приземјето на ДХО „Даре Џамбаз“, пред се наменет за лицата со потежок телесен инвалидитет.

НСИОМ ќе отстапи дел од својот простор за изложување на рекламен простор на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје, кој всушност е палета на ортопедски помагала кои ги користат нашите членови.

Исто така, Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД Скопје донираше средста за опремување на параолимпискиот тим на Република Македонија кој учествуваше на Параолимписките игри во Рио 2016 година.

Б.Јовановски

1.jpg 2.jpg 3.jpg