4Во организација на Генералниот Директорат за вработување, социјални прашања и инклузија на Европската комсија и Министерството за труд и социјална политика на РМ, на 28 март се одржа работилница за деинституционализација во Република Македонија. Од страна на Мобилност Македонија, на работилницата учествуваше генералниот секретар, Софка Прчева.

Целта на работилницата беше преку дискусија за напредокот во однос на процесот на деинституционализација на лицата со инвалидност, да се подигне јавната свест за неопходната потреба од овој процес во нашата држава.
На работилницата се разви размена од ставови и гледишта во однос на деинституционализацијата помеѓу претставниците на Европската комисија, земји членки на ЕУ (Бугарија, Естонија и Хрватска), претставници од МТСП, од локалните власти, невладини организации (НСИОМ, ПОРАКА Неготинo, Детско село, Хелсшински комитет и други,) UNDP, UNICEF, обезбедувачи н односно даватели на социјални услуги, и многу други субјекти.
Работилницата заврши со пораката на Европската Унија дека е итно и неопходно процесот на деинституционализација да продолжи со поголем и побрз интензитет. Министерството за труд и социјална политика ја пренесе силната и изразена заложба и посветеност на Владата на Република Македонија за придвижување и интензивирање на овој процес. Додека невладините организации ја истакнаа потребата од финански средства за нивна активна и ефикасна вклученост во планирањето, имплементацијата и следењето на процесот за деинституционализација во Република Македонија.

1.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg