1На 27.03.2017 (понеделник) со почеток во 12:00 часот во просториите на ЕУ проектот за професионална рехабилитација и лична асистенција кои се наоѓаат на адреса ул. Златко Шнајдер 6а-4 во Скопје, беше одржан состанок со сервис провајдери за услугата од Куманово, Скопје, Битола и Тетово.

На состанокот беа договорени следните чекори за асистенцијата која како пилот програма се очекува да стартува најдоцна до почетоот на месец мај годинава и ќе трае 2 месеци за селектираните членови од осумте региони на Македонија (вкупно 70 лица со телесен инвалидтет).

Во меѓувреме во месец април ќе се одржат дводневни обуки за сервис провајдерите, корисниците на услугата и нивните асистенти и тоа со следна динамика:

29.03-30.03 Струмица
03.04-04.04. Охрид
05.04-06.04 Битола
10.04-11.04 Велес
12.04-13.04 Скопје, Мобилност Скопје и Мобилност Куманово
19.04-20.04 Тетово
24.04-25.04 Скопје, Здружение на студенти и младинци со хендикеп
26.04-27.04 Кочани

1.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg 5.jpg 6.jpg

7.jpg