2НА СРЦ „ТРЕСКА“ ВО СКОПЈЕ ОДРЖАНА VI МАСОВНА СРЕДБА ВО ПРИРОДА НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА

Мобилност Македонија на 20.05.2017 година во СРЦ Езеро Треска, по шести пат ја организираше рекреативната средба во природа на која и годинава учествуваа преку 350 членови на сојузот од цела Македонија. Благодарение на соработката со Советот на градот Скопје, и годинава беа организирани три меѓуградски автобуси, како и два градски автобуси кои ги довезоа учесниците на средбата до договореното место. За лицата со инвалидска количка Мобилност Македонија донираше во трошоците за превоз плаќајќи им го потрошениот бензин. Беа организирани рекреативни активности во соработка со Проф. д-р Горан Никовски, претседател на Федерацијата за рекреативен спорт, и Драган Дојчиноски, генерален секретар на Македонскиот параолимписки комитет, како што се бадмингтон, боќање, шах, пикадо....


Средбата, традиционално, е под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“ со што се испраќа порака дека обединети и организирани лицата со инвалидитет може да се изборат за позицијата во општеството.
Целта на Мобилност Македонија како национална инвалидска организација во чиј состав делуваат 16 општински и меѓуопштински инвалидски организации на лица со телесен инвалидитет, е да ја подобри сегашната состојба на лицата со телесен инвалидитет и во соработка со надлежните институции да ги надмине пречките за да им овозможи квалитетен, сигурен и достоинствен живот зашто според Уставот и законите тие се рамноправни со останатата популација во државата. 
Центарот за ортотика и протетика ,,Славеј“ - АД Скопје, во 12,30 часот одржа презентација на тема ,,Едукација за инвалидски колички за активни корисници“. Презентацијата ја одржа стручно лице од „Oто Бок“-Хрватска, г-дин Марко Чавловиќ. Менаџерскиот тим на „Славеј“ подготви изненадување во вид на прикладни награди - подароци, за тројца среќни учесници на оваа презентација кои користат инвалидска количка за секојдневно движење и тоа ташна за лаптоп и две антидекубитусни перничиња (од кои едното произведено во Ото Бок). Подароците беа доделени по пат на организирана лотарија и тоа само за лицата во инвалидска количка кои ја следеа презентацијата. Наградните ливчиња ги извлекоа три дечиња кои беа во придружба на своите роднини и пријатели на средбата.
Средбата беше проследена медиски од неколку електронски медиуми и тоа: МРТ, Телма, Сител и ТВ21, додека волонтерите од Црвен Крст им се наоѓаа во помош за разни потреби на учесниците на средбата,
На средбата беше промовиран и проектот „Променете го вашиот начин на размислување - Спорт за сите“ од програмата на Еразмус+, кој до средината на следната година ќе го спроведува Македонскиот параолимписки комитет, целта на проектот е да се привлечат младите да вежбаат, да се навикнат на секојдневна, програмирана телесна вежба пред се заради подобрување на сопственото здравје, а потоа заради постигнување на спортски резултати. Целна група во проектот се младите лица со инвалидитет од 15-29 години, нивните родители, матични лекари и професорите по физичко образование во основните и средните училишта.

1.jpg 10.jpg 11.jpg

12.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg 5.jpg 6.jpg

7.jpg 8.jpg 9.jpg