1Како плод на изградената успешна соработка со Фудбалската федерација на Македонија, од ФФМ предмалку не’ известија дека УЕФА доделува карти за 12 корисници на инвалидска количка и 12 нивни придружници.

Цената на картата е 15 евра.

Инсистираат картите да се доделат на лица кои се движат секојдневно со инвалидска количка, а придружниците се нивен избор (роднина, пријател, другар или колега со полесен инвалидитет... сами бираат).

Мобилност Македонија ги повикува сите заинтересирани членови кои се движат со инвалидска количка да аплицираат за една од 12-те бесплатни карти и тоа исклучиво на нашата е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до понеделник (17.07.2017 година) до 10 часот наутро.

Барањето во пораката да содржи:

1. Име и презиме на барателот, град, адреса, број на телефон.

2. Медицинска дијагноза на барателот.

3. Име и презиме на придружникот - асистент (лице кое се движи без количка и седи на столче покрај).

4. Со барањето ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се достави скениран образец ИДК-Изјава од ФЗО (го имате во прилог како слика подолу) дека ортопедското помагало кое го подига лицето (инвалидска количка) по истекот на времетраењето ќе ја врати во фондот. Овој образец - Изјава ќе се смета за доказ дека лицето има индикации и има подигнато инвалидска количка од фондот.

5. Се аплицира исклучиво по е-маил на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Доколку не се достават бараните податоци и не се приложи бараната потврда како доказ дека лицето користи количка, барањето ќе биде отвфрлено.

Доколку се пријават поголем број апликанти од предвидените 12 гратис карти, ќе се пристапи кон жребање.

Жребањето ќе се изврши на 17.07.2017 година во 12:30 часот во холот на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, на ул. „11 Октомври“ бр. 42а.

Откако ќе се изберат добитниците, списокот на среќните добитници ќе биде доставен до ФФМ.

Ве молиме не чекајте да аплицирате во последен миг, бидејќи во период помеѓу 10 и 12 часот во понеделник на 17.07.2017 година, ќе се пристапи кон проверка на документацијата и подготовка за жребање. Задоцнетите барања нема да бидат земени во предвид.

Напоменуваме: Секое барање пристигнато на нашиот меил после 10:00 часот во понеделник 17.07.2017 година, нема да влезе во конкуренција за добивање карта. Тоа важи и за некомплетните барања (особено без образец ИДК).

АПЛИЦИРАЈТЕ ВЕДНАШ доколку сте заинтересирани.

Голема благодарност до ФФМ за соработката и грижата за нашите членови.

1.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg