1Мобилност Македонија активно учествува во проектот на ОСЦЕ и Државната Изборна Комисија за проверка и проценка на пристапност на избирачките места за лицата со инвалидност во РМ како подготовка за локалните избори 2017 гдина. 

Беа одржани 2 седници на 26.07.2017 година во просториите на ОСЦЕ и на 31.07.2017 година во просториите на ДИК. 
Активно учествувавме во подготвување на Прашалникот за проверка на избирачките места и во составување на 12 тимови за проценка на избирачките места во РМ, во кои ќе партиципираат и по еден член од невладиниот сектор меѓу кои и неколку членови од Мобилност Македонија и тоа: Горан Спасов од Скопје (за општините Центар и Аеродром), Горан Здравков од Велес (за општините Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија), Фани Јаќимовска од Тетово (за општините Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце), Буран Бала од Дебар (за општините Дебар и Центар Жупа, Струга и Охрид) и Гордана Велкова од Кочани (за општините Кочани, Делчево и М.Каменица).


Ова е прв пат една државна институција, како што е ДИК, по барање на нашите организации да започне проект со кој во прва рака ќе се „сними“ состојбата на теренот во однос на пристапноста на сите избирачки места во РМ, ќе се документира состојбата со пополнување на соодветен прашалник кој заеднички го изготвивме со ДИК, ќе се фотографираат избирачките места така да лицата со инвалидност ќе можат при проверка на избирачкиот список да се запознаат и со пристапноста. Овие прашалници кои треба меѓу другото да содржат податоци за тоа дали до избирачкото место има асфалтен пат, тротоаари со спуштени рабници, скали на влезот во избирачкото место, дали има соодветна рампа за премостување на скалите, доволно широка врата за влез во објектот, дали има скали внатре во објектот до избирачкото место, дали има рампа внатре во објектот или лифт функционален и со соодветни димензии, дли им доволно широки врати на тоалетите во објектот, дали има адаприрано WC за лица во инвалидска количка.... Сите овие податоци подоцна ќе може да ги користиме во преговорите со институциите за надминување на архитектонските бариери и овозможување на целосна пристапност за лицата со телесен инвалидитет во образованието и до подрачните единици на министерствата, бидејќи воглавно избирачките места се наоѓаат таму.
Јасно ни е дека резултатите од проверката ќе бидат оразителни и негативни во однос на пристапноста, но ррадува податокот што успеавме да се избориме за една ваква акција која ќе резултира со многу информции битни за идно дејтвување. Потоа би следела активност за премостување на бариерите и овозможување на пристапност и самостојно движење на лицата со телесен инвалидитет.

1.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg 5.jpg