2 1Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија ја користи приликата да се заблагодари на ФФМ за големото разбирање и искрената поддршка на 12 наши членови со нивни асистенти да набават билети за фудбалскиот спектакл на арената Филип II во Скопје, дуелот помеѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките на УЕФА Супер купот за 2017 година. Посебна благодарност сакаме да изразиме до г-ѓа Ирена Бакревска - Милошевска за сиот вложен труд и разбирање при координацијата за обезбедувањето и преземањето на билетите, знаејќи притоа за нејзината презафатеност и обврски во рамките на активностите за организација на меѓународниот настан.

Можноста за достоинствен пристап и престој на арената Филип II во Скопје за лицата, корисници на инвалидски колички, е за посебно истакнување и пофалба, а самата организација на натпреварот беше на највисоко можно ниво. Сите честитки до ФФМ што им овозможи на граѓаните на Република Македонија безбедно и достоинствено да уживаат во спортски настан кој ретко се случува на овие простори.