1Во канцеларијата на Мобилност Македонија на 25.08.2017 година беше одржан работен состанок со советникот за здравство во Владата на РМ, д-р. Венко Филипче. На состанокот беа апострофирани насоките сублимирани од нашето членство во однос на измена и дополнување на легислативата од областа на здравствената заштита за лицата со телесен инвалидитет, со посебен акцент на ортопедските помагала, и тоа во насока наЧ враќање на правото на доплата за набавка на ортопедските помагала над референтната цена, склучување на договор со ортопедските куќи за изработка и дистрибуција на цела палета на ортопедски и други помагала, зголемување на референтни цени на ортопедските помагала, воведување на пософистицирани помагала и делови за изработка на ортопедски помагала, рокови на користење и можност на поправка......

Очекуваме во скоро време да оствариме заеднички состанок со директорот на ФЗОМ Ден Дончев, советникот д-р. Венко Филипче и претставници на Мобилност Македонија на кој ќе ја покренеме иницијативата за измени и дополненија на легислативата.

1.jpg 2.jpg