1На 20.12.2017 година во кабинетот на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев беше одржана работна средба со претседателот на Мобилност Македонија и на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ. Беа дискутирани повеќе прашања од интерес на членството во однос на досегашните постигнувања и трите работни средби со Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, за пристапноста на институциите и општото опкружување во целост, за функционирањето на Националното координативното тело, очекуваната конститутивна седница во новиот состав во првата половина на 2018 година и други програмски планови содржани во програмата на сојузот за 2018 година. Добивме целосна поддршка од Премиерот Зоран Заев кој меѓу другото истакна: „Кога велиме дека градиме едно општество за сите, велиме и дека сме пријатели и создаваме пријателска средина и за лицата со посебни потреби. Затоа ги охрабрувам сите институции да работат исклучиво во насока на подобрување на условите за живот и на овие наши сограѓани.“

1.jpg