НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

2ПРВО МЕСТО ЗА МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС

На 15-16.11.2019 годинаа, во хотелот „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, се одржа 25 Републички Квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија -Мобилност Македонија.
 
На натпреварот учествуваа 15 екипи од здружените членки на Мобилност Македонија. Беа одржани 4 четвртфинални квизови, 2 полуфинални и еден финален квиз после кој беа одлучени добитниците на плакетите за прво, второ и трето место. Првопласираните 2 екипи од четвртфиналните квизови се пласираа во полуфиналето, додека првопласираните 2 екипи од полуфиналните квизови се пласираа во големото финале.
 
Целиот настан беше директно емитуван на фејсбук страната на Мобилност Македонија. За идната година ќе обезбедиме директен пренос на youtube канал кој ќе биде отворен за следење на квизот од сите заинтересирани.
 
На овогодишното 25-то по ред издание на Квиз натпреварот, првото место го освои екипата на Мобилност Велес со 83 поени во состав: Миланчо Арсовски, Зоран Димов и Владо Владов.
 
На второто место се пласира екипата на Мобилност Гевгелија со освоени 66 поени во состав: Илија Кангов, Никола Марачков и Марко Лазаров.
 
На третото место се пласира еипата на Мобилност Скопје II со освоени 41 поен во состав: Александар Стефановски, Страшко Смилковски и Горан Спасов.
 
Четвртото место во голеото финале и припадна на екипата на Мобилност Прилеп со освоени 34 поени во состав: Рубинчо Ристески, Ѓорѓи Здравески и Кире Иваноски.
 
РЕЗУЛТАТИ од полуфиналните и четвртфиналните квизови:
 
ПОЛУФИНАЛНИ КВИЗОВИ
 
I полуфинален квиз
 
1.Мобилност Велес 75 поени
 
2.Мобилност Прилеп 30 поени
 
3.Мобилност Штип 28 поени
 
4.Мобилност Битола 24 поени
 
II полуфинален квиз
 
1.Мобилност Гевгелија 76 поени
 
2.Мобилност Скопје II 61 поен
 
3.Мобилност Куманово 59 поени
 
4.Мобилност Кавадарци 41 поен
 
ЧЕТВРТФИНАЛНИ КВИЗОВИ
 
I Квиз
 
1.Мобилност Велес 82 поени
 
2.Мобилност Кавадарци 38 поени
 
3.Мобилност Кочани 34 поени
 
4.Мобилност Дебар 14 поени
 
II Квиз
 
1.Мобилност Куманово 76 поени
 
2.Мобилност Прилеп 61 поен
 
3.Мобилност Струмица 52 поени
 
4.Мобилност Тетово 38 поени
 
III Квиз
 
1.Мобилност Штип 64 поени
 
2.Мобилност Скопје II 54 поени
 
3.Мобилност Радовиш 10 поени
 
IV Квиз
 
1.Мобилност Гевгелија 40 поени
 
2.Мобилност Битола 40 поени
 
3.Мобилност Скопје I 25 поени
 
4.Мобилност Свети Николе 24 поени
 
На Републичкиот Квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија во месец септември му претходеа елиминаторни тест квиз натпревари во здружените членки на кои беа определени составите на екипите, а целата програмска активност е реализирана со финансиска поддршка од средствата од игри на среќа доделени преку Министерството за труд и социјална политика