НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

fzo logo MKМобилност Македонија пред подолго време поднесе иницијатива и беше во постојани преговори со ФЗОМ и со Министерството за здравство за измена на Законот за здравствено осигурување во делот кој оневозможуваше доплата на разликата помеѓу реалната цена на помагалата и референтна цена за набавка на ортопедски помагала дефинирана од фондот (им се наплатуваше целосен износ на помагалото), како и за укинување на условот здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата.

На 27.12.2019 година во Службен Весник на РСМ бр.275, објавен е Законот за измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој:

- во член 2 кој се однесува на член 9 од важечкиот закон се укинува целосно став 3 и со самото тоа целосно се укинува условот за конринуитет здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата за остварување на право на протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и заботехнички средства.

-во член 4 кој се однесува на член 10 од важечкиот закон стои: Во член 10 во точката 6) по зборовите „надстандарден материјал“ се додаваат зборовите „во делот на разликата на утврдената референтна цена од страна на Фондот и набавната цена;“, со што практично се овозможува доплата на разлика на цена над референтната цена утврдена од фондот.

Во ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ стои:

-Со членот 2 од Предлог -законот се брише условот од шестмесечно континуирано плаќање на придонес за здравствено осигурување, за остварување на правото на ортопедско помагало.

-Со членот 4 од Предлог -законот се дава можност на осигурениците да остварат право на ортопедско помагало изработено од надстандарден материјал и да го доплатат износот со свои лични средства.

Уште една успошно завршена иницијатива на Мобилност Македонија пред институциите во насока на подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во нашата држава. Законот за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување и донесените измени важат 8 дена по објавувањето на изтиот во Сл. Весник, што значи од 03-04.01.2020 година.