1Турбулентната 2019 година, за Мобилност Скопје, беше година која со себе понесе многу ангажмани, остварени програмски активности, извонредни работни трибини, спортски успеси, креативни остварувања, едукативни предавања и многу активно-социјални дружења. Сиве овие предизвици на нашето здружение, му дадоа апсолутно право да ја заокружат годината со своите членови и своите верни пријатели во една весела и незаборавна предновогодишна прослава.

Мобилност Скопје веќе традиционално, години наназад, новогодишните прослави, како најсоодветен и најадекватен за нашите членови, прославата ја одржува во ресторан Бисера, во населба Аеродром. Со истата мотивација и оваа новогодишна прослава се организира во истиот ресторан, на 23 декември, со почеток во 12 часот.На прославата покрај многубројните членови на Мобилност Скопје, беа поканети и присуствуваа многу членови од неколку здруженија на Мобилност Македонија, гости од збратимените здруженија од Врање, Књажевац и Лесковац, како и многу верни пријатели и соработници на Мобилност Скопје.

Покрај одличната организација и гостољубивиот персонал, за забавата во ресторанот се погрижија;  музичарите од извонредниот состав, гостинката-естрадната етно интерпретаторка – Виданка Ѓеоргиева, како и сите весели и насмеани лица на присутните во салата.

Прославата протече со многу дружење, многу веселба, многу песни од сечие грло, по некое оро за храбрите играорци, како и еден грст прекрасни емоции се до 17 часот.

Задоволните лица на сите присутни говореа за магично поминатата веселба , посакуваа да потрае подолго и да има уште многу вакви слични денови, а при тоа шепотејќи,

“Се што е убаво и кратко трае”

Мобилност Скопје со оваа средба успеа на единствено - извонреден начин да и даде печат на старата година (слободно верификувајќи ја во својот регистар на успешни години) и ведро да ја чека новата што претстои.

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА!

1.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg 5.jpg 6.jpg

7.jpg 8.jpg 9.jpg