НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

s1На 25.09.2020 година во балонот на хотел Александар Палас во Скопје, претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на работна средба што ја одржа министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставници на над 30 граѓански организации со кои дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.

“Граѓанските организации се и ќе продолжат да бидат наш важен партнер во сите значајни процеси во општеството, меѓу кои е и образованието. Убедена сум дека поголемиот дел од вас работат, или се вклучени во различни процеси и креирање политики за подобрување и унапредување на образованието и очекувам дека ќе најдеме простор за заедничка соработка“ , рече Царовска.
Претставниците на граѓанските организации најавија дека имаат интерес за соработка со МОН во делот на развој на инклузивно образование, реформите во образованието, вклучувањето на младите во реформите позврзани со квалитна настава и подобрување на младинскиот стандард, како и во обезбедувањето на квалитетни учебници.
Ова министерство е од исклучително значење за младите со телесен инвалидитет кои допрва треба да го довршат своето образование во сите степени од истото. Пристапноста на објектите во кои се изведува наставата од основно до високо образование, асистентите во наставата, ослободувањето од партиципацијата за школување, се само едни од приоритетите на кои ќе ставиме акцент при поднесувањето на предлозите за измена и дополнување на законската материја од оваа област.
Исто така ќе бараме да се конституира Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност кој согласно член 128 став 1 алинеја 2 од Законот за високо образование, треба да предложи уредба со која се утврдува правото на лицата со инвалидност да бидат ослободени од партиципација за студирање, а која ја донесува Владата на Република Северна Македонија. Со ова конечно ќе се реши и унифицира ова право за лицата со телесен инвалидитет.
На 25.09.2020 година во балонот на хотел Александар Палас во Скопје, претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на работна средба што ја одржа министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставници на над 30 граѓански организации со кои дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.