НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

123Мобилност Македонија на 28-29.10.2020 година учествува на 14-та Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност, која годинава заради пандемијата од КОВИД-19 се одржува комбинирано и со физичко присуство (од домашните улесници) и преку Зум конференција (со учесници - предавачи од други држави).
Мобилност Македонија денес, преку обраќањето на претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, во 15:40 часот ја презентираше темата „Спортска рекреација на лицата со инвалидност - потреба и бенефити“, актуелна тема особено во деновите кога заради заштита од ширење на корона вирусот државите усвојуваат мноштво на рестриктивни мерки кои го ограничуваат движењето и го ставаат човекот во пасивна улога и целосна хипокинеза.
Голема благодарност до координаторот на конференцијата, Енес Алибеговиќ и претседателот на Координативниот одбор на Кантоналните здруженија и сојузи на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон, Јусмир Алибабиќ, како и на целиот тим задолжен за организацијата на овој настан, за вложените огромни напори да изнајдат начин конференцијата да го продолжи својот континуитет и во вакви, тешки услови на работење.
Нашата тема беше пропратена со големо внимание од присутните, како во салата на хотелот во која се одржува конференцијата во Сански Мост, така и од приклучените учесници на Зум платформата.
Се надеваме дека напорите на СЗО и на државите членки за изнаоѓање на вакцина и ефикасен лек за КОВИД-19 наскоро ќе вродат со плод и ќе ја стават под контрола состојбата со корона вирусот, со што во најскор период ќе продолжиме со нормален режим на работење и физичко присуство на конференции од ваков карактер на кои се разменуваат многу искуства со присутните претставници на здруженијата и институциите од регионот во однос на покренатите иницијативи, формите и методите на комуникација со претставниците на институциите за подобрување на правата и положбата на лицата со инвалидност.
Конференцијата можете да ја следите и утре на Зум платформата со ID broj Zoom aplikacije Admin Enes: 2811522773 i PASSWORD :123