По повод Меѓународен ден на лицата со попреченост,
во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет
а спроведено од
, организира заедничка ХУМАНИТАРНА кампања на тема ПРИСТАПНОСТ!
Кампањата "ОДИ СО МЕНЕ" е кампања со една и единствена цел- да се подигне свестта за адаптирање и подобрување на пристапот до сите јавни површини и објекти, за полесно секојдневно функционирање на лицата со попреченост. Оваа кампања, при која се приклучија и јавни лица го користи гласот на народот за овозможување на еднакви можности и еднаков третман за сите!
За таа цел, потготвивме предизвик, во кој учесникот треба да се обиде да се движи/ да влезе во избран јавен објект каде што пристапот не е адаптиран за лица со попреченост, но истото да го прават на некој од следните начини:
• со врзани очи
• со врзани (споени) нозе
• движејќи се на назад
Обидот треба да биде снимен од страна на учесникот (најверојатно со асистенција на пријател) во било каков формат соодветен за социјалните мрежи и видеото да биде објавено на сопствениот профил. При објавување на видеото, треба да се користат #OdiSoMene и #Pristapnost како промотивни хаштагови. Исто така, учесникот треба да номинира свои пријатели и да ги предизвика да го направат истото.
Креативноста за оваа цел не е ограничена, но сепак важно е да се нагласи целта на кампањата и да биде изведено на политички-коректен начин и да се пренесат потешкотиите со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост низ искуството на општата јавност!
Приклучете се на кампањата
#OdiSoMene и бидете гласот на лицата кои што секојдневно се соочуваат со проблеми кога станува збор за
#Pristapnost.