Почитувани членови на Мобилност Македонија, денес се навршуваат 34 години од формирањето на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија.
Овој ден традиционално го одбележувавме со организирање на тркалезна маса во присуство на градоначалници и други авторитети од локалната самоуправа, домаќин на настанот, на која говоревме за потребите од поддршка на лицата со телесен инвалидитет во нивното непречено вклучување во општеството преку креирање на еднакви можности.
За жал, пандемијата од корона вирусот и рестриктивните мерки за организирање и присуство на групни настани годинава не спречија да ја продолжиме традицијата, но не не спречуваат да се сетиме на денот и да посакаме уште многу успешни преговори со институциите за подобрување на правата на лицата со телесен инвалидитет, но и кампањи за подигање на нивото на свесноста за потребите на овие лица.
Нека ни е честит денот.