ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА: Подигање на нивото на јавната свест за архитектонските бариери во опкружувањето кои целосно ја попречуваат инклузијата на лицата со телесна попреченост во сите пори на општествениот живот.
Лајтмотив на кампањата: е ангажирање на јавноста преку предизвик за снимање кратко креативно видео под наслов "Оди со мене" на тема пристапност.
Хуманитарната кампања #odisomene има една и единствена цел - подигнување на свеста за подобрување #pristapnost до сите јавни површини и објекти. За таа цел, подготвивме предизвик, во кој учесникот треба да се обиде да се движи/ да влезе во избран јавен објект каде нема #pristapnost за лица со попреченост, но истото да го направи на некој од следните начини: