Мобилност Македонија во 2020 година објави конкурс за најдобра литературна творба за 2020 гподина. На објавениот кункурс за најдобра литературна творба беа пријавени 11 автори, секој со по една творба, кои ги оценуваше постојаната жири комисија при Мобилност Македонија во состав: -
Весна Ацевска - поетеса и преведувач,
-Ѓорѓи Калајџиев - поет, новинар и водител, и
-Кире Огненовски - поет и член на Мобилност Македонија.
Редоследот на творбите беше определен во согласност со пропозициите на Мобилност Македонија според кои, во случај на еднаков број на поени, подобро пласирана е творбата која добила поголем број на поени од некој член на жири комисијата.
Во годинешниот избор, по сумирање на гласовите од жири комисијата, две творби добија еднаков број на поени, меѓутоа творбата „Немир“ од авторот Соња Ѓорѓиевска, од еден од членовите на жири комисијата доби максимални 11 поени и согласно пропозициите го зазеде првото место.
За жал, заради зголемениот број на дневна трансмисија на корона вирусот во месеците ноември и декември, традиционалните Литературни читања на 02 Декември, оваа година одлучивме да не се одржат заради намалување на ризикот од инфекција од КОВИД-19 кај нашите членови. Плакетите на првопласираните 3 автори ќе им бидат доставени по пошта на домашна адреса.
Мобилност Македонија им упатува искрени честитки на сите автори кои со свои творби учествуваа на 26. Литературни средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Конечен редослед:
1. „Немир“ – Соња Ѓорѓиевска (25 поени)
од Скопје - шифра „Мигрена“
8 +11 + 6
2. „Игра на судбината“ – Билјана Димова (25 поени)
од Гевгелија - шифра „Август111“
10 + 6 +9
3. „Надеж“ – Вања Павлова (23 поени)
од Велес - шифра „Надеж“
9 + 3 + 11
4. „Сонце и месечина“ – Билјана Тодоровска (20 поени)
од Битола –шифра „Тиква“
11 +7 + 2
5. „Во потрага по спокојот“ – Ана Додева (20 поени)
од Кочани - шифра „Any Poetry“
5 + 8 + 7
6. „Априлска ноќ“ - Зорица Сандева (19 поени)
од Штип - шифра „Месечина“
4 + 10 + 5
7. „Најмила моја“ – Кире Иваноски (15 поени)
од Прилеп - шифра „Балче“
6 + 1 + 8
8. „Пофалба на неродените“ - Љубе Лазаревски (14 поени)
од Струмица - шифра „Амедео Модиглијани“
2 + 9 +3
9. „Моќта на зборот“ - Севда Ѓурчиновска (13 поени)
од Скопје - шифра „Клуч“
1 + 2 +10
10. „Зошто тато“ – Мимоза Делипетпрова Томова (12 поени)
од Радовиш - шифра „Небесна птица“
7 + 4 + 1
11. „Луѓе“ – Сотир Чаушевски (12 поени)
од Ресен - шифра „Жар“
3 + 5 +4