На 05.05.2021 година се одржа седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност на која на дневниот ред неа ставени следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од претходната седница одржана на 07.04.2021 година;
2. Дискусија по однос на изработката за Акцискиот план за 2021 година;
3. Информација за реализирани активности на Националното координативно тело до седницата;
4. Разно.
Се седницата раководеше Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија
Под точка 3, поставив прашања и дискутирав во однос на работи од интерес на нашето членство и тоа за:
-Приоритетна листа на лицата со инвалидност при вакцинирањето против Ковид-19, на што беше одговорено дека неколку организации, меѓу кои и Мобилност Македонија, поднеле барање по ова прашање, дека истото веќе е дискутирано на Комисија за заразни болести и во Министерството за здравство, и дека наскоро Владата ќе излезе со официјален став по ова прашање;
-За неработењето на комисиите за определување на право на надомесок за нега и помош од друго лице и надоместок за попреченост, односно за неможноста матичните лекари да закажат термин за контролни прегледи, па со самото тоа, без нивна вина, лицата го губат правото на надоместок, кој е од животно значење за нив. Од друга страна ниту новите баратели за остварување на правата не можат да дојдат на ред, токму заради неработењето на комисиите. Беше одговорено дека институциите се запознаени со нашите барања за разрешување на ова прашање, дека во моментот се прави координација меѓу надлежните министерства за решавање на ова прашање, а главниот проблем е во релативно мал број на месечни одобрени термини (околу 200) и заради тоа се ствара гужва и се натрупуваат предмети. Истакнав дека не е коректно лицата со инвалидност да го губат правото на овие надоместоци заради внатрешно нерешените организациски прашања во министерствата во однос на статусот и термините на комисиите, и дека едно од решенијата е, доколку е потребно, за да се решат и премостат натрупаните предмети, да се формираат повеќе комисии, и откако ќе се расчисти натрупаноста, комисијата да се врати во нормален режим на работа, а министерството за труд и социјална политика да направи анализа на реални барања и да одобрува доволен број на месечни термини во системот мој термин. Како и да е, ние го презентиравме проблемот а решавањето на ова суштинско прашање за лицата со инвалидност е во рацете на самите институции. Беше заклучено дека претставниците на телото ќе комуницираат со надлежните министерства и потоа ќе бидеме известени за одлуката што ќе биде донесна.