101Денес, 07.05.2021 година, во организација на Македонски институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), преку платформата Зум, беше одржана „Работилница за инклузивно новинарствои генерирање теми за видео стории поврзани со застапување на правата на лицата со попреченост“.
Мобилност Македонија на работилницата ја претставуваа Бранимир Јовановски, Христина Просковска и Горан Спасов.
По воведните зборови и претставување на учесниците, Марина Тунева, од Советот за етика во медиумите на Македонија, ја презентираше темата „Гласот на лицата со попреченост во медиумите низ инклузивно известување“. Презентацијата беше интерактивна, со активно вклучување на присутните на работилницата и размена на идеи и искуства. Марина детално ги образложи причините како се создаваат погрешни перцепции во медиумите, кои се општите рамки во известувањето за лицаѕа со попреченост преку тенденција да се генерализираи претстави оваа популација како хомогена со исти или слични потреби, што не е потполно точно, честопати се претставуваат како жртви кон кои треба да чувствуваме жал, а помалку како лица со моќен статус во општеството, истите не се видливи, односно ги нема во редовното медиумско известување. Се ствара лоша перцепција за лицата со попреченост дека не се способни целосно да учествуваат во нормалниот живот, дека постојат потешкотии во нивното интегрирање, а честопати се пристапува и кон нереалистично претставување на попреченоста преку синдром на супер херој: „Ја победи болеста со упорна работа“, Ги сруши сите предрасуди“, „Сите и се десетки и покрај препреките“, „Не знае да се предаде“ и слично. Поред другото, како клучни проблеми во информирањето Марина го посочи преголемиот фокус конистите извори на информациите, институциите постојано нудат исти „гласноговорници“ за медиумите, а најчести „модели“ на медиумско претставување се: Медицинскиот модел - Попреченоста се претставува како болест која бара лекување; Социјалниот модел - Попреченоста се гледа низ призма на „оштетување“ на поединците, поради бариерите во опкружувањето. Тоа влијае врз нивниот живот и го попречува нивното вклучување; Модел на „преувеличување на заслугите“ - Лицата со попреченост се претставуваат како инспиративни, посебни, „супер херои“; Бизнис модел - Темите и прашањата поврзани со лицата со попреченостсе поврзуваат со издатоци во општеството, а особено за бизнисот; Модел на граѓански права - Лицата со попреченост се претставуваат како луѓе од „заедницата“ или општествена група која што заслужува права; Правен модел - Се претставуваат како лица со законски загарантирани права и некои кои што мораат да поднесуваат тужби за да се почитуваат нивните права.
Потоа беа дадени примери што велат лицата со попреченост во однос на медиумските слики и претставувања: „Нам ни треба да сме слушнати, а најдобриот начин за тоа е ако нашиот глас го има во приказните за непопреченост“, „Најдобро нешто за мене ќе биде ако се ’хуманизира’ речникот. Ако мене како човек во количка ме претставуваат како татко, брат, обожавател на фудбалот... Ако жената што е слепа ја претставуваат како мајка, сопруга, адвокат...“, „Не сакам да слушам дека сум врзан за количка, дека страдам од нешто, дека се борам за нешто...“, „Сакам да ми покажат дека припаѓам во ова општество, дека сум со сите, имам заеднички грижи со сите...“, „Честопати медиумите не‘ третираат како поединци коишто постигнале успех во професијата, како да сме единствени со таков статус (издвојување)“.
На крај од презентацијата беа дадени препораки за известување кон новинарите да остваруваат директна комуникација и да ги препознаваат темите/прашањата, да им дозволат на лицата со попреченост самите да им се претстават и ако не можат да зборуваат директно со нив, да разговараат со луѓето од нивното опкружување. Ако не се сигурни како да го опишат лицето со попреченост, најдобро е да се праша како би сакало да се окарактеризира. Исклучително важно е да се откријат изворите на проблемите во општеството и потенцијалните начини како да се решат, особено преку консултирање на соодветните извори. Преку известувањето, потребно е да се подигне нивото на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, факторите што придонесуваат кон проблемот и што водат кон стигматизација. Потребно е да се покрене јавна дискусија со која се „предизвикуваат“ стереотипите, потребно е да се претстават најчестите „митови“ за попреченоста, а известувањето да биде афирмативно. Комуникацијата со граѓанскиот секторпотребно е да биде преку редовно известување, а не само при одбележување на 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Треба да се користи соодветен речник што пренесува позитивна порака и ги истакнува способностите, наместо препреките, да се избегнува речник што дехуманизира, на пример никогаш не велете „жртва на“ или „страда од“..., воспоставување на редовна консултација со граѓанскиот сектор заради проширување на перспективите, како и избегнување на сензационализам и „бомбастични наслови“.
Владо Крстовски беше модератор на втората сесија од работилницата на тема: „Проблеми и предизвици во застапување на правата на лицата со попреченост“ во која свои излагања имаа претставниците на граѓанските организации, членки на НСИОМ. Владо истакна дека е крајно време да се промени парадигмата за лицата со попреченост и истите да се претстават од објекти на милосрдие и заштита, како субјекти со права. За таа цел ја најави дискусијата со конкретни примери за правната рамка наспроти реалноста и тоа во повеќе области од секојдневието: Недискриминација и подигнување на јавната свест, деинституционализација како форма на вклученост во заедницата и самостојно живеење преку развивање на соодветни служби/услуги во заедницата, пристапност, здравствена заштита, образование, социјална заштита, вработување, деловна способност итн.
Претсседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, дискутираше во однос на пристапноста, или подобро кажано непристапноста на објектите и јавното опкружување и поред адекватни законски решенија и правилници за овозможување на хоризонтална и вертикална пристапност до и во објектите. Недозволиво е во 21 век се уште да се соочуваме со градби кои го лимитираат движењето на дел од популацијата со попреченост која се соочува со пречки во мобилноста, само заради тоа што надлежните институции не ги спроведуваат законските решенија, не размислувајќи дека со тоа директно им наштетуваат на овие лица воедно и двојно ги хендикепираат, како консументи на услуги, но и како можност за нивно вработување. Во постапка е носење на нов Закон за градење и апелираме да пристапноста биде опишана како стандард за градба и секое непочитување на одредбите за пристапност да биде причина за неиздавање на употребна дозвола на објектите, а одговорните лица да одговараат кривично. Исто така го наметна и прашањето за нефункционирањето на комисиите за определување на надоместок за нега и помош од друго лице, како и надоместокот за попреленост, заради немање на доволно термини за закажување на термин за прегледи преку системот „Мој термин“. Ова е сериозно прашање бидејќи лицата со најтешка телесна попреченост, не по нивна вина, ги губат средствата кои им се неопходно потребни да ги платат соодветните услуги и зголемени трошоци заради самата попреченост.
Горан Спасов дискутираше во однос на непристапноста на објектите во кои се изведува процесот на гласање истакнувајќи дека за тоа е направена целосна студија која покажува дека 95% од избирачките места се непристапни за лицата со најтежок телесен инвалидитет, а со самото тоа ги оневозможува да го извршат своето граѓанско право на гласање. Христина Просковска се надоврза на дискусијата ставајќи посебен акцент на ограничен иот број на часови за користење на услугата личен асистент. Имено лицата на кои им е одобрено ова право можат да ја користат услугата максимално 80 часа месечно, што е малку за некои лица кои се поактивни или имаат потреба од поголема поддршка за независно живеење.
Третата сесија на тема „Инклузивно известување низ примери од праксата“ ја раководеше новинарот Даниела Драштата, од Хрватската радио телевизија. Таа сподели мноштво на примери за „ненападно“ и помалку акцентирано известување кога се работи за лицата со попреченост, преку неколку видео инсерти од разни емисии во кои беа застапени прашањата и проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост и начинот на кој суптилно и без пренагласување ја постигнуваат својата цел и доаѓаат до соодветни решенија за своите проблеми.
На крајот беа организаторите на настанот ги сублимираа дискусиите од учесниците на работилницата, а дел од нив ги предложија и како можни работни теми за претстојните видео стории. Беше кажано дека дополнително детално ќе бидат формулираат темите за видео сториите и ќе бидат споделени со сите учесници на работилницата, а потоа и ќе се пристапи кон снимањето на видео сториите. Во план се десет видео стории, но во зависност од темите, може да бидат и повеќе.
101.jpg 102.jpg 103.jpg

104.jpg 105.jpg 106.jpg

107.jpg 108.jpg 109.jpg

110.jpg 111.jpg 112.jpg

113.jpg 114.jpg 115.jpg

116.jpg 117.jpg 118.jpg

119.jpg 120.jpg 121.jpg

122.jpg 123.jpg 124.jpg