001На 23-24.10.2021 годинаа, во големата сала на хотелот „Цар Самуил“ во с.Банско, Струмица, со почитување на мерките за заштита од ширење на инфекција од Ковид-19, се одржа дваесет и седмото издание на Републичкиот Квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија. И годинава прашањата за натпреварот ги подготви познатиот квизаџија и уредник на ТВ Сител, Зоран Јорданов, техничка и компјутерска подготовка Тони Пајдаков, кој воедно беше и член на трочлената жири комисија заедно со Софка Прчева и Драган Дојчиноски. Водител на манифестацијата и овој пат беше Бранимир Јовановски.
На натпреварот учествуваа 14 екипи од здружените членки на Мобилност Македонија кои своето учество го обезбедија преку тест натпреварите кои беа организирани на 28.09.2021 година. Согласно пропозициите, беа одржани 4 четвртфинални квизови, 2 полуфинални и еден финален квиз после кој беа одлучени добитниците на плакетите за прво, второ и трето место. Првопласираните 2 екипи од четвртфиналните квизови се пласираа во полуфиналето, додека првопласираните 2 екипи од полуфиналните квизови се пласираа во големото финале.
Целиот настан првиот натпреварувачки ден беше директно емитуван на фејсбук страната на Мобилност Македонија. За жал, интернет конекцијата беше многу слаба што предизвикуваше чести проблеми во емитирањето, така да комисијата одлучи да го стопира емитирањето, а за идната година да обезбедиме директен пренос на youtube канал кој ќе биде отворен за следење на квизот од сите заинтересирани, доколку техничките услови го овозможуваат тоа, или пак да се снимат емисиите, особено полуфиналните и финалето и да се прикачат дополнително на каналот.
На натпреварот екипите настапија во следниот состав:
-Мобилност Радовиш: Павлина Андонова, Ванчо Трајков и Славе Ристов;
-Мобилност Кавадарци: Николчо Делов, Тони Шишевски и Васил Росомански;
-Мобилност Кочани: Горан Војновски, Ефтимчо Атанасовски и Василчо Илијев;
-Мобилност Битола: Биљана Трајковска, Јоле Стојановски и Николче Станоевски;
-Мобилност Куманово: Елизабета Тодоровска, Новча Тодоровски и Јанчо Ѓорѓевски;
-Мобилност Тетово: Драге Маркоски, Велибор Јаќимовски и Авни Хисмани;
-Мобилност Штип: Јулијана Димитрова, Зорица Сандева и Тоде Арсов;
-Мобилност Скопје I: Христина Просковска, Томислав Попов и Зоран Јевремовиќ;
-Мобилност Скопје II: Пецо Петковски, Тони Митровски и Стефан Павловски;
-Мобилност Велес: Билјана Гаврилова, Зоран Димов и Ристе Станковски;
-Мобилност Свети Николе: Драган Павловски, Боце Ставревски и Иле Панзов;
-Мобилност Прилеп: Рубинчо Ристески, Кире Иваноски и Ѓорѓи Здравески;
-Мобилност Гевгелија: Никола Пеев, Илчо Кангов и Марко Лазаров;
-Мобилност Струмица: Љубица Боевска, Дивна Танева и Петре Попов.
На годишното 27-мо издание на Републичкиот Квиз натпревар, првото место со 98 поени го освои екипата на Мобилност Кочани во состав: Горан Војновски, Ефтимчо Атанасовски и Василчо Илијев, второто место со освоени 70 поени и припадна на екипата на Мобилност Велес во состав: Билјана Гаврилова, Зоран Димов и Ристе Станковски, додека третото место со освоени 29 поени и припадна на екипата на Мобилност Гевгелија: Никола Пеев, Илчо Кангов и Марко Лазаров. Четвртото место со освоени 28 поени, и припадна на екипата на Мобилност Битола во состав: Биљана Трајковска, Јоле Стојановски и Николче Станоевски.
А како се одвиваа борбите за што е можен повисок пласман и продолжување на борбите во следниот круг од натпреварувањето, можете да проследите низ следниот табеларен приказ:
ПОЛУФИНАЛНИ КВИЗОВИ
I полуфинален квиз
1.Мобилност Велес, 81 поен
2.Мобилност Кочани, 67 поени
3.Мобилност Штип, 28 поени
4.Мобилност Скопје I, 50 поени
II полуфинален квиз
1.Мобилност Битола, 71 поен
2.Мобилност Гевгелија, 60 поени
3.Мобилност Прилеп, 50 поени
4.Мобилност Кавадарци 47 поени
 
ЧЕТВРТФИНАЛНИ КВИЗОВИ
I Квиз
1.Мобилност Кочани, 103 поени
2.Мобилност Гевгелија, 77 поени
3.Мобилност Скопје II, 56 поени
II Квиз
1.Мобилност Битола, 64 поени
2.Мобилност Велес, 51 поени
3.Мобилност Свети Николе, 40 поени
4.Мобилност Тетово, 33 поени
III Квиз
1.Мобилност Штип, 63 поени
2.Мобилност Кавадарци, 56 поени
3.Мобилност Струмица, 47 поени
4.Мобилност Радовиш, 30 поени
IV Квиз
1.Мобилност Прилеп, 80 поен
2.Мобилност Скопје I, 78 поени
3.Мобилност Куманово, 45 поени
Републичкиот Квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија беше реализиран со финансиска поддршка од средствата од даноци од игрите на среќа, доделени преку Министерството за труд и социјална политика.
001.jpg 002.jpg 003.jpg

004.jpg 005.jpg 006.jpg

007.jpg 008.jpg 009.jpg

010.jpg 011.jpg 012.jpg

013.jpg 014.jpg 015.jpg

016.jpg 017.jpg 018.jpg

019.jpg 020.jpg 021.jpg

022.jpg