На 28.09.2024 во Бања Лука - БиХ се оржа Меѓународен екипен турнир во шах на параплегичари, на три табли, а организиран од Сојузот на параплегичари на Бања Лука и нивната претседателка Милена. Истиот беше беспрекорно организиран, а турниот го прогласи за отворен надлежниот заменик министер. Мобилност Македонија и оваа година по петти пат учествуваше со своја екипа во состав: Ѓорѓевски Јанчо, Војновски Горан и Изети Зекирија. Во фер и убава атмосфера, нашата екипа го даде својот максимум што резултираше со освојување на првото место на турнирот.
Вечерта се одржа спектакуларен блиц турнир 3+2. Ја искористивме моѓноста да ги запознаеме најсилните шахисти од БиХ меѓу кои и велемајсторот Милан Вукиќ. На турниот учествуваа над 90 шахисти.