НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

LogoОдржана VIII седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија

На 30.10.2012 година во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје беше одржана VIII седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија. На дневниот ред на седницата беа поставени и дискутирани повеќе прашања и беа донесени соодветни одлуки.

- Беше дискутиран и едногласно усвоен Записникот од VII седница на Управниот одбор одржана на 26.09.2012 година.

- Беа усвоени извештаите од:

  • Одржаното 24-то државно првенство на лица со телесен инвалидитет на Македонија во шах на 06-07.10.2012 година во Струмица;
  • Одржана трета тематска работилница на 20.10.2012 година во Кавадарци; Одржана мешународна работна средба со претставници од Словенија и Србија во Охрид 02-05.10.2012 година;
  • Одржана работна средба со советникот во канцеларијата на Владата на РМ, г-дин Влатко Илиевски на 18.10.2012 на која беше дискутирано и беше побарана подршка за зголемување на средства за функција на националните инвалидски организации и НСИОМ во вкупен износ од 10 милиони (ова ќе ни помогне за закупување на простор за активност, одржување и набавка на сопствен простор за делување на инвалидските организации членки на Мобилност Македонија и други НИО, набавка или закуп на превозни средства за лица со најтежок телесен инвалидитет во локалните самоуправи, а не само во Скопје, ангажирање на стручни лица за спроведување на активностите), потоа за обезбедување на работна средба со министерот за финансии Зоран Ставревски, на која би дискутирале во врска со проблемите со намаленото финансирање (заради ист номинален износ на средства кој го добива Мобилност Македонија повеќе од 10 години) и отежнато функционирање во вакви услови, како и за остварување на одредени права кои произлегуваат од ратификуваната Конвенција за правата на лицата со инвалидност како на пример враќање на данок за набавка на моторно возило над 80% телесна инвалидност на долни екстремитети кое поседува возачка дозвола (освен ако заради степенот на инвалидноста не е во состојба да управува со моторно возило и во тој случај возилото ќе го управува најблизок член на семејство родител или старатек, брачен другар, дете... Поента е дека со ваква одредба НЕ се одлеваат пари од Буџетот на РМ оти тие не ни влегле во него, пред се заради сиромаштијата со која е погодена ова група на граѓани на кои возилото им служи како ортопедско помагало.
  • Одржана работна средба Слободанка Лазова, претставник од Миниатерството за труд и социјална политика на 17.10.2012 со замолница во иднина Извештаи за работата на Мобилност Македонија да се доставуваат на 3 месеци (периодични) а не како до сега на 1 месец, бидејќи таква ни е динамиката на спроведување на активностите, потоа Договорите за финансирање (трансфер на средства) во иднина да се потпишуваат помеѓу МТСП и секоја НИО, а не како досега со НСИОМ со што се соочуваме со ризик од можни блокади заради нечија си неактивност или неажурност, добивање на подршка при лобирање за зголемување на средства за функција на НИО и НСИОМ и во иднина да се инсистира на програмско финансирање на националните инвалидски организации, а не на проектно функционирање, бидејќи имаме потреба од континуирани средства за обавување на функција во здружените инвалидски организации  согласно Закон за ИО, потоа давање на континуирана услуга на членовите во врска со нивните права, што подразбира дека нашите здруженија и Мобилност Македонија се целогодишно во функција на нашите членови.

- Во натамошниот тек на седницата беа разгледани и усвоени Предлог-Програма за работата на Мобилност Македонија за 2013 година и Предлог-Финансиски план на потребни средства за спроведување на програмските активности во 2013 година. Беше донесена одлука истите преку НСИОМ да се достават до Министерство за труд и социјална политика заради континуирано финансирање на Мобилност Македонија во 2013 година. Конечната Програма за работа и Финансиски план за 2013 година же бидат усвоени од страна на Собранието на Мобилност Македонија на седницата во месец февруари 2013 година.

- Беше донесена одлука Мобилност Македонија да земе учество на VI меѓународна конференција за правата на лицата со инвалидност која ќе се одржи од 13-15.11.2012 година во Сански Мост, Босна и Херцеговина. На таа конференција свое излагање ќе има и претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, на тема: „Икустватата во носењето и имплементацијата на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност во Република Македонија“. Беше донесена одлука делегацијата на Мобилност Македонија поред претседателот Бранимир Јовановски да ја сочинуваат: Софка Прчева – генерален секретар, др.Нико Јанков и Ефтимие Атанасовски, членови на Управниот одбор на Мобилност Македонија.

- Беа донесени следните одлуки:

  • Барањето на Мобилност Штип за набавка на мултифункционален апарат (печатар, скенер) се одбива. Здружените членки на Мобилност Македонија потребните апарати да ги набавуваат од средствата што Мобилност Македонија им ги распределува за редовна активност во тековната година.
  • Се одобрува износ од 20.000,00 денари за печатење на книга за рехабилитација и лечење на заболени од мултиплекс склероза од авторот др.Даница Фичорска од Штип. Книгата ќе се печати во тираж од 300 примероци од кои 150 ќе бидат сопственост на Мобилност Македонија и истите ќе бидат прераспределени преку здружените членки до заинтересираните членови заболени од МС.
  • Да се учествува на екипното државно првенство во шах помеѓу инвалидските организации на 01.12.2012 година а по повод одбележувањето на 3-ти Декември – меѓународниот ден на лицата со инвалидност. Екипата на Мобилност Македонија ќе ја сочинуваат првопласираните 4 натпреварувачи од неодамна завршеното државно првенство.
  • Се поканува четири члена делегација од фондацијата „Сила за живот“ од Бугарија (од кои еден интерпретатор)  да учествува на Музичките средби на лицата со телесен инвалидитет кои ќе се одржат од 23-25.11.2012 година во Струмица. Патните трошоци се на терет на гостите од Бугарија, додека сместувањето на делегацијата е на терет на Мобилност Македонија. Очекуваме во иднина ова да биде почеток на традиционална размена на интерпретатори на изворна народна музика помеѓу двете организации.
  • Се овластуваат претставниците на Мобилност Македонија во НСИОМ да гласаат за изнаоѓање на начин за затворање на финансиските потреби на НСИОМ до крајот на 2012 година. Без сомнение истите ќе ги штитат интересите на Мобилност Македонија, а пред се да ја застапуваат тезата на покривање на минусно салдо преку уплата на средства за сопствени режиски трошоци, или за покривање на минусно салдо во висина од процентите со кои се партиципира во распределбата на средствата.