НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

tabla2Трет Републички турнир во табла во организација на Мобилност Тетово

На 10.11.2012 година беше одржан третиот Републички турнир во табла за лица со телесен инвалидитет на Македонија. Турнирот беше одржан во ресторанот „Арена“ во Тетово.  Мобилност Тетово и Гостивар и оваа година беа домаќини на турнирот.

Од вкупо 17 здруженија на Мобилност Македонија, на турнирот земаа учество претставници од 11 здруженија со по тројца натпреварувачи. Здружението Мобилност Скопје настапи со седум натпреварувачи. Настапија вкупно 32 натпреварувачи, кои разигруваа во две групи по систем на елиминација. Првите двајца од двете елиминаторни групи играа финале и се бореа за прво и второ место, а второпласираните од елиминаторните групи се бореа за трето место.

Првото место го освои Горан Војновски од Мобилност Кочани, второто Љупчо Филипов исто така од Мобилност Кочани, додека третото место го освои Атли Горенца од Мобилност Дебар. Организаторот обезбеди дипломи и награди за тројцата победница и тоа: пехар за првиот, табла за вториот и литар пијалок за третиот.

Тројцата натпреварувачи поред наградите добија и пакети од млекарата „Здравје Радово“ кој беше еден од спонзорите на турнирот. Првата награда е спонзорство од „Алки Спорт“, а втората од „Евро Метал“. Првонаградените ги прогласи претседателот на Мобилност Тетово, Велибор Јаќимовски, а наградите ги поделија претставниците од општина Тетово и тоа: Фатон Мурсели, портпарол на општина Тетово, Ментор Идризи, раководител на одделението за образование, култура и спорт и Мазлам Мазлами, раководител на секторот за меѓународни односи. Спонзори на турнирот беа и „Скопска пивара“ и „Прилепска пивара“ кои ги дадоа пијалоците за ручекот. По доделувањето на наградите сите присутни натпреварувачи, како и гостите и спонзорите се дружеа на свечениот ручек пропратен со пригодна музика.

На овој турнир за прв пат имаше пријавено и натпреварувач – жена и тоа  од Мобилност Охрид, што дава надеж дека во иднина ќе се пријават и повеќе. По тој повод претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и додели една ружа на Снежана Танеска.

Сево ова беше снимено од локалните медиуми: Менада, Кис и Коха, како и од Агенцијата за информирање МИА.