НОВ ЗАКОН ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Во Службен весник на РМ бр. 98 од 01.08.2012 година објавен е новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување на. Ова е сосема нов закон со што значително се упростува работата со овој Закон бидејќи досегашниот закон имаше голем број на измени и дополнувања и неговата примена во пракса дури и за правниците кои се навикната да работаат со бројни измени на законите беше тешко да се снајдат и да дадат толкување на некои одредби. Сепак, се работи за еден системски и комплексен закон кој регулира една значајна област од животот и неговите одредби сите нас не засегнуваат на овој или оној начин. За правилната примена на овој Закон не е потребно само да се познава вештината на толкувањето туку потребно е и долгогодишно работно искуство во оваа област и добро познавање на прописите.

Нас секако не интересира што според овој Закон се подразбира за инвалидност. Согласно овој Закон и нвалидност постои кога кај осигуреникот, поради промена во здравствената состојба која не може да се отстрани со лекување или со медицинска рехабилитација, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност.

Инвалидноста се утврдува според следниве категории:

1) категорија I - доколку работната способност на осигуреникот е намалена за повеќе од 80% постои трајно губење на работната способност (општа неспособност за работа) и

2) категорија II - доколку работната способност на осигуреникот е намалена за повеќе од 50%, а најмногу до 80% (професионална неспособност за работа).

Доколку работната способност на осигуреникот е намалена за 50% во споредба со физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност поради што не може да ги извршува работните задачи со полно работно време, може да работи со скратено работно време или да биде распределен на друга соодветна работа согласно со прописите кои се однесуваат на работните односи и колективниот договор.

Инвалидност во смисла на претходно кажаното може да настане поради болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионални болести.

Работите за кои се оценува работната способност на осигуреникот ги опфаќаат сите работи кои одговараат на неговите телесни и психички способности, а се смета дека одговараат на неговите досегашни работи.

Инвалидската пензија за која сите ние сме заинтересирани и за која тешко се изборуваме сега со новиот Закон можи да се стекни под селднтие услови:

-Осигуреникот кај кого ќе настане општа неспособност за работа, како и

осигуреникот со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со професионална рехабилитација да се оспособи за вршење на друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија, ако ги исполнува следниве услови:

1) инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест - без

оглед на должината на пензискиот стаж или

2) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или

3) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест, доколку

осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Осигуреник кај кого инвалидноста настанала пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работата или болест се здобива со право на ивалидска пензија ако на денот на настанувањето на инвалидноста имал својство на осигуреник и ако:

1) инвалидноста настанала до навршување на 20 години живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на осигурување;

2) инвалидноста настанала до навршување на 25 години живот, ако имал најмалку

девет месеци стаж на осигурување и

3) инвалидноста настанала до навршување на 30 години живот, ако имал најмалку 12 месеци стаж на осигурување.

Осигуреникот - воен инвалид од I до VI група, како и друг инвалид кој е изедначен со мирновременски воен инвалид од V до VI група кај кого, во смисла на членот 38 од овој закон, се оценува инвалидност, не може да работи повеќе од половина од полното работно време, се здобива со право на инвалидска пензија ако ги исполнува условите од ставот (1) на овој член без оглед на тоа дали со или без преквалификација или доквалификација може да се оспособи за друга соодветна работа.

Како работен век, во смисла на ставот (1) точка 3 на овој член, за осигуреникот кој со редовно школување се стекнал со виша, односно висока стручна подготовка се смета времето од навршување на 23, односно 26 години живот до денот на настанувањето на инвалидноста.

На осигуреникот кој по навршување на 20 години живот бил на отслужување на воениот рок работниот век му се намалува за времето колку што траел отслужениот воен рок.

Многу од нас телесните инвалиди користат или имаат услови да користат и семејна пензија па семејната пензија можи да се користи под следните услови:

Семејна пензија можат да остварат членовите на семејството:

1) брачниот другар;

2) децата (родени во брак или надвор од брак или посвоени, посиноците кои ги

издржувал осигуреникот, внучињата и други деца без родители кои ги издржувал

осигуреникот) и

3) родителите (таткото и мајката, очувот и маќеата) и посвоителот, што ги издржувал осигуреникот.

Семејна пензија може да оствари и брачниот другар од разведен брак, ако со судска одлука му е утврдено право на издржување.

Се смета дека внучињата без родители, другите деца без родители и родителите ги издржувал осигуреникот, ако во тој период:

1) не биле во работен однос или не оствариле плата по друг основ;

2) не биле корисници на старосна, инвалидска или семејна пензија

3) катастарскиот приход од земјоделската дејност по член на потесното, односно

поширокото семејство не изнесува годишно повеќе од 25% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година и

4) сите други приходи по член на семејството не изнесувале месечно повеќе од 25% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година.

Членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија ако умрениот

осигуреник:

1) наполнил најмалку пет години стаж на осигурување или најмалку десет години

пензиски стаж или

2) ги исполнил условите за старосна или инвалидска пензија или

3) бил корисник на старосна или инвалидска пензија.

Ако смртта на осигуреникот настанала како последица од повреда на работа или од професионална болест, членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија, без оглед на должината на пензискиот стаж на осигуреникот.

Вдовец/вдовица стекнува право на семејна пензија, ако:

1) до смртта на осигуреникот, по кој основ тоа право им припаѓа, лицето наполнило 50 години живот;

2) до смртта на брачниот другар било неспособно за работа или таква неспособност

настанала во рок од една година од денот на смртта на брачниот другар( ова е особено значајно кај некои од нашите членови телесни инвалиди),

3) по смртта на брачниот другар останале едно или повеќе деца кои имаат право на

семејна пензија по тој брачен другар, а вдовецот/вдовицата ги врши родителските

должности спрема тие деца или

4) до смртта на брачниот другар имало наполнети 45 години, кога ќе наполни 50 години живот - или ако во тие години станало неспособно за работа.

Вдовецот/вдовицата кој во текот на користењето на правото по основ на вршење на родителска должност стане неспособно за работа или наполнило 50 години живот трајно го задржува правото на семејна пензија.

Вдовецот/вдовицата кој го загубил/а правото на семејна пензија по основ на вршење на родителска должност по наполнети 45 години живот, стекнува право на семејна пензија кога ќе наполни 50 години живот.

Право на семејна пензија стекнува и вдовица кога детето на осигуреникот, односно корисникот на пензија е родено по смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија со тоа што семејната пензија и припаѓа од денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија .

Право на семејна пензија стекнува и вдовицата кај која постоела бременост на денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија со тоа што семејната пензија до раѓањето на детето се определува за еден член на семејството.

Ако детето е мртвородено или ако умре пред навршувањето на 45 дена живот, на вдовицата и припаѓа семејна пензија до истекот на 45 дена по породувањето.

Дете стекнува, односно користи право на семејна пензија:

1) до наполнети 15 години живот, а ако е на школување до наполнети 26 години живот или  ако пред смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија кој го издржувал било неспособно за работа или таквата неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија.

Ако школувањето на детето е прекинато поради болест, право на семејна пензија може да се стекне, односно му припаѓа и за време на боледувањето до наполнети 26 години живот, како и над тие години, но најмногу за толку време колку што е изгубено од редовното школување поради болест.

На детето кое го прекинало школувањето заради доброволно отслужување на воениот рок семејната пензија му се исплатува и за тоа време.

Ако во текот на користењето на правото на семејната пензија детето стане

неспособно за работа трајно го задржува правото на семејна пензија.

Детето - инвалид има право на семејна пензија по престанокот на работниот однос.

Како дете на школување се смета ученикот во основно училиште, училиште за средно образование, стручно, односно работно оспособување, студент на високообразовна установа и лицето на постдипломски студии додека имаат статус на ученик, односно студент според статутот на соодветната воспитно- образовна установа до навршување на 26 години живот.

Како школување на дете, , се смета времетраењето на стручното, односно работното оспособување на децата со пречки во психофизичкиот развој.

Како дете без родители, се смета и дете кое има еден или двајца родители кои се трајно неспособни за работа.

На крај нешто и за  бенефицираниот стаж кој како право го имаат лицата со инвалидност. За жал и сега  со новите законски одредби и решенија треба да се работи 5 години за да се добие намалување на една година од старосната граница за заминување во пензија. Истото ова решение беше и во претходниот закон. Порано кога бенефицијата се даваше за годините на стаж требаше да се работи 4 години за да се добие една година работен стаж. Сега кога се намалува на годините на стаерост треба да се работи 5 години за да се добие една година намалување на годините на старост потребни за да се замине во пензија. По мое мислење сепак е премногу да се работи 5 години за да се намали една година од годините на старост за заминување во пензија. Еве како изгледа сега новото законско решение:

Стажот на осигурување со зголемено траење им се смета и на осигурениците кои во работен однос, односно на работа врз основа на која биле задолжително осигурени, поминале работејќи со полно работно време како осигуреници, со телесно оштетување од најмалку 70%, воени инвалиди од I до VI група, цивилни инвалиди од војната од I до VI група, слепи лица, лица заболени од дистрофија и сродно мускулни и невромускулни заболувања и од параплегија, церебрална и детска парализа и од мултиплекс склероза.

На осигурениците од ставот (1) на овој член секои 12 месеци ефективно поминати во работен однос, врз основа на која се осигурени, им се смета како 15 месеци стаж на осигурување, а старосната граница пропишана за здобивање на старосна пензија од членот 19 од овој закон им се намалува за по една година за секои пет години ефективно поминати на таква работа.

Ова се основните работи кои најмногу не интересираат нас телесните инвалиди и со кои најчесто се среќаваме во животот па се надевам дека со овие неколку сегменти од овој инаку многу обемен закон ќе ја задоволиме нашата потреба да се информираме за новостите.