НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

07На 06.10.2020 година, во големата сала на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, со почеток во 11 часот со присуство на триесетина претставници на здружените членки на Мобилност Македонија, како и други поканети гости, беше пригодно одбележан 6 Октомври - Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.
На настанот, во протоколарниот дел, поред претседателот на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, говореа и поканетите гости: Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, советник на премиерот за труд и социјална политика, Даниела Стојановска Џинговска, советник на директорот за ортопедски помагала, Горан Чаловски, директор на Центарот за ортотика и протетика Славеј, и претставникот на лицата со церебрална парализа, Горан Стојчески. На настанот присуствуваше и потпретседателот на комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, Фатон Мемети.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА 6. ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
1Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот Комитет на Северна Македонија, на 28.09.2020 година, во хотел „Романтик“ – на езерото „Младост“ во Велес, го одржа 32-рото Државно првенство во шах.
Почитувајќи ги протоколите за одржување на шаховски натпревари во услови на пандемија, Мобилност Македонија успешно ја реализираше оваа активност предвидена во Програмата за работа за 2020 година, а поддржана од МТСП. Согласно протоколите, оваа година наместо вообичаениот број на учесници – шахисти, учество на првенството земаа 11 најдобро пласирани шахисти од минатата година.
Првенството се играше по Швајцарски систем – викенд правила на ФИДЕ со темпо на игра 30 минути по играч. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.
Во дисциплинирана и фер игра, според сите протоколи за заштита од Ковид 19, беа постигнати следните резултати:
Повеќе: 32-ро Државно првенство во шах на Мобилност Македонија
A1Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија, на 26-27.09.2020 година, во големата сала на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, го одржа 26-то издание на Републичкиот квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
Натпреварот и во двата дена беше спроведен со строго почитување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот, со дезинфекција на раце и нозе на сите учесници, мерење на телесната температурата со бесконтактен топломер, потпишување на изјави за согласност и прифаќање на ризик, правилно носење на маска за цело време на натпреварот, дезинфекција на подни површини, столови, маси и уреди, пред и по одржување на секое коло од натпреварот и секако, одржување на дистанца меѓу учесниците.
Повеќе: РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР 2020 - МОБИЛНОСТ КОЧАНИ ШАМПИОН НА ЗНАЕЊЕ ЗА 2020 ГОДИНА

s1На 25.09.2020 година во балонот на хотел Александар Палас во Скопје, претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на работна средба што ја одржа министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставници на над 30 граѓански организации со кои дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.

“Граѓанските организации се и ќе продолжат да бидат наш важен партнер во сите значајни процеси во општеството, меѓу кои е и образованието. Убедена сум дека поголемиот дел од вас работат, или се вклучени во различни процеси и креирање политики за подобрување и унапредување на образованието и очекувам дека ќе најдеме простор за заедничка соработка“ , рече Царовска.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА РАБОТЕН СОСТАНОК СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, МИЛА ЦАРОВСКА

02Како чин на општествена одговорност и предизвик да се изгради фер општество пристапно за сите без исклучок, команијата АДИНГ од Скопје, чија дејност е производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво, донираше нивни производи на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација во Охрид. Донацијата се состои од лепила, хидроизолации и смеси за фугирање, потребни за санација и обнова на подните површини на 11 апартмани во Охрид, со кои располага Мобилност Македонија. Со обновата на овие објекти, на нашите членови ќе им овозможиме користење на пристапни и безбедни сместувачки капацитети преку целата годинакои ќе се користат за спроведување на програмата за опоравок и рехабилитација, но и одржување на тркалезни маси, работилници, симпозиуми, ликовни колонии и спортско-физички подготовки.

Повеќе: КОМПАНИЈАТА АДИНГ СО ДОНАЦИЈА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ЗА ОПОРАВОК И...