НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

LogoОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ

  1. Одржување на 2 метри растојание;
  2. Носење на заштитна маска;
  3. Дезинфекција на рацете.
  • Поставување на средства за дезинфекција кои содржат концентрација на алкохол од најмалку 70%, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење на влез и пред секое коло од натпреварот;
  • Употребата на заштитни маски е задолжителна за целото времетраење на настанот;
  • Секое здружение има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски за своите натпреварувачи кои редовно ќе ги менуваат и употребуваат пред и по натпреварот;
  • Секое здружение има обвска само да го организира транспортот на своите учесници до местото на одржување на квиз натпреварот, запазуваќи ги протоколите, препораките и мерките за транспорт на лица;
  • Зачестено чистење и дезинфекција на сите пултови кои се користат, материјалите и опремата, пред почетокот на натпреварот и по одржување на секое коло;
  • Одржување на препорачано физичко и социјално растојание (забрането е ракување, гушкање, или кој било друг физички контакт);
  • Тоалетите и останатите помошни простории зачестено да се дезинфицираат од сопственикот на објектот во кој ќе се изведува натпреварот.
Повеќе: ПРОТОКОЛ ЗА ЗАШТИТА ОД „ COVID-19 „ ПРИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР 2020

LogoОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ ВРЗ КОИ СЕ ЗАСНОВА ОВОЈ ПРОТОКОЛ СЕ:

Заштита на здравјето на атлетичарите и нивните семејства;
Заштита на здравјето на тренерите и нивните семејства и
Заштита на здравјето на другите вработени и соработници кои ќе стапат во контакт со атлетичарите по продолжувањето на натпреварот како и службените лица на натпреварите.
ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ
1. Одржување на 2 метри растојание;
2. Носење на заштитна опрема;
3. Дезинфекција на рацете
· Поставување на средства за дезинфекција кои содржат најмалку 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар;
· Употребата на заштитни маски е задолжителна освен за натпреварувачите кои се на атлетските борилишта за времетраење на дисциплината;
· Секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);
Повеќе: ПРОТОКОЛ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД „ COVID-19 „ ПРИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА...

jsdpПочитувани,

Со имплементирањето на електронскиот систем за наплата на патарина и негово отпочнување со работа на Наплатните станици од Коридор 10, сега сме во можност за детално следење и проверка и на сите електронски картички кои се издадени согласно Членот 66 од Законот за Јавни патишта на лица кои по основ на инвалидитет ги исполнуваат условите за ослободување од плаќање на патарина.

Имено, преку секојдневните прегледи и процеси на верификации на сите транзити, забележано е дека некои корисници не ги почитуваат правилата под кои им се издадени електронските картички, односно истите ги злоупотребуваат.

Секоја една електронска картичка издадена по основ на ослободување на инвалидно лице е пресонализирана со податоците од имателот (инвалидносто лице), како единствен сериски број на уредот, име и презиме, модел на патничко моторно возило, боја на возилото како и регистарските таблички на возилото.

Повеќе: Важно известување од Јавно претпријатие за државни патишта

mtspВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 260 став 1 од Законот за социјалната заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19 и 146/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 декември 2019 година, донeсе ПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2020 ГОДИНА

Повеќе: ПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА 2020

1Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, преку својата Комисија за Статутарно правни работи, го разгледа текстот на Нацрт - Закон за градење, воочи некои недостатоци и во интерес на подобрување на текстот во однос на овозможувае на пристапност (хоризонтална и вертикална) на лицата со инвалидност, самостојно и непречено движење, домување и работење, а се во духот на мерките од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, благовремено и во неколку наврати достави забелешки, сугестии и коментари до Министерството за транспорт и врски.

Беа одржани неколку работни состаноци со претставници на министерството, советници на Премиерот, а последната од нив се одржа на 27.12.2019 година во просториите на Владата на Северна Македонија на која поред другите присуствуваше и изготвувачот на текстот, проф д-р Грчев.

Повеќе: НОВ ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ НАСКОРО ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА