Мобилност Македонија пред подолго време поднесе иницијатива и беше во постојани преговори со ФЗОМ и со Министерството за здравство за измена на Законот за здравствено осигурување во делот кој оневозможуваше доплата на разликата помеѓу реалната цена на помагалата и референтна цена за набавка на ортопедски помагала дефинирана од фондот (им се наплатуваше целосен износ на помагалото), како и за укинување на условот здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата.
На 27.12.2019 година во Службен Весник на РСМ бр.275, објавен е Законот за измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој:
- во член 2 кој се однесува на член 9 од важечкиот закон се укинува целосно став 3 и со самото тоа целосно се укинува условот за конринуитет здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата за остварување на право на протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и заботехнички средства.
Повеќе: НА ИНИЦИЈАТИВА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ОЛЕСНЕТА НАБАВКА НА ОРТОПЕДСКИ И ДРУГИ ПОМАГАЛА И УКИНАТ...На 26.12.2019 година во просториите на ФЗОМ, а по барање на Мобилност Македонија, се одржа уште еден работен состанок помеѓу претставниците на Мобилност Македонија (Бранимир Јовановски и Софка Прчева) и претставниците на ФЗОМ (д-р Вера Митровска и Даниела Стојановска Ѓинговска), а во врска со нашите барања за ортопедски помагала, во овој случај за стандардно лесни инвалидски колички и за активни инвалидски колички.
Овие преговори траат скоро 3 години и конечно им се гледа крајот. Од д-р Вера, претставник на ФЗОМ, ни беше кажано дека нашите напори конечно вродија со плод, буџетот за ортопедски помагала на фондот за 2020 е зголемен на наше инсистирање и конечно може да се пристапи кон реализација на нашите барања.
Повеќе: СТАНДАРДНО ЛЕСНИ ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ ЗА СИТЕ ПОСТОЈАНИ КОРИСНИЦИ, АКТИВНИ ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ГИ...Здружението на лица со телесен инвалидитет на град Скопје – Мобилност Скопје на 25.12.2019 година традиционално организираше предновогодишна претстава за своите најмлади членови на возрст до 13 години. На претставата присуствуваа повеќе од 50 деца со своите родители. Присутните дечиња ги забавуваа кловнот Лили и пантомимичарот Мето. Тие успееа да им измамат искрени и топли насмевки на децата. Децата со голема радост го дочекаа и Дедо Мраз кој им подели пакетчиња и им посака Среќна Нова 2020 година.
Повеќе: Предновогодишна претстава за децаТурбулентната 2019 година, за Мобилност Скопје, беше година која со себе понесе многу ангажмани, остварени програмски активности, извонредни работни трибини, спортски успеси, креативни остварувања, едукативни предавања и многу активно-социјални дружења. Сиве овие предизвици на нашето здружение, му дадоа апсолутно право да ја заокружат годината со своите членови и своите верни пријатели во една весела и незаборавна предновогодишна прослава.
Мобилност Скопје веќе традиционално, години наназад, новогодишните прослави, како најсоодветен и најадекватен за нашите членови, прославата ја одржува во ресторан Бисера, во населба Аеродром. Со истата мотивација и оваа новогодишна прослава се организира во истиот ресторан, на 23 декември, со почеток во 12 часот.На прославата покрај многубројните членови на Мобилност Скопје, беа поканети и присуствуваа многу членови од неколку здруженија на Мобилност Македонија, гости од збратимените здруженија од Врање, Књажевац и Лесковац, како и многу верни пријатели и соработници на Мобилност Скопје.
Повеќе: Предновогодишна прослава на Мобилност Скопје„Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“
На 18ти Декември 2019 година, со почеток во 10.00 часот во хотелот Холидеј Инн во Скопје се одржа Работен состанок со цел презентирање на новите подзаконски акти за социјалните услуги што ги изработи Министерството за труд и социјална политика поддржани во рамките на Проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“, како и другите подзаконски акти за социјални услуги кои се дел од Законот за социјална заштита. Мобилност Македонија на работилницата ја претставуваа Бранимир Јовановски и Василчо Илиев од Кочани.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА РАБОТЕН СОСТАНОК