На 10.09.2019 година во хотел Солун во Скопје се одржа состанок на работната група на дел од проектот: ,,Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Р. Северна Македонија". На состанокот присуствуваше секретарот на Мобилност Тетово и Гостивар, Фани Јаќимовска, а беа присутни и претставници од други невладини организации, претставници од медиумски куќи, од Министерство за труд и социјална политика, како и претставници од Коалиција Сите за правично судење, кои го имплементираат овој проект со поддршка на УСАИД за граѓанско учество.
Повеќе: ИЗВЕШТАЈ ОД СОСТАНОКОТ НА РАБОТНАТА ГРУПА НА ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ:,,ПРАВЕН, ФИНАНСИСКИ И ФИЗИЧКИ...На 06.09.2019 година, во Општина Шуто Оризари, во дворот на градинката „8-ми Април“ беше отворено новото детско инклузивно игралиште, четиринаесто по ред во нашата држава.
Оваа градинка е изградена со финансиска подршка на Кралството Норвешка, додека дворното место е изградено од страна на Општината Шуто Оризари, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерство за труд и социјална политика во партнерство со Мобилност Македонија.
На обезбедениот простор со мека подлога се поставени двојна нишалка со специјални седишта, комбинирана клацкалка со 2 специјални и 2 обични седишта, платформа на вртење-специјална и еден комбиниран реквизит. Вкупната вредност на поставените реквизити е 580.000,00 денари, средства што Министерството за труд и социјална политика ги обезбедува согласно проектот за инклузивни игралишта и програмата за работа на сојузот.
Повеќе: ОТВОРЕНО ИНКЛУЗИВНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИНајдобрите шахисти со телесен инвалидитет, членови на Мобилност Македонија: Јанчо Ѓорѓевски од Куманово, Тоде Зафировски од Тетово и Адем Небиу од Скопје, како и нивниот возач и асистент Дејан Ѓорѓиевски, од 23-25.08.2019 година учествуваа на 12 Меѓународно првенство на Бања Лука во шах „Бања Лука 2019“.
Нашите шахисти го освоија првото место во екипна конкуренција меѓу 8 екипи со убедлива игра без претрпен пораз, а за најдобар поединец на турнирот беше прогласен нашиот шахист Тоде Зафировски кој нанижа седум победи по ред.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ШАХ ВО БАЊА ЛУКАНа 31.07.2019 година со почеток во 10 часот во просториите на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“- Скопје, се изврши предавање на ортопедски помагала и додатоци за инвалидски колички од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија и Министерството за труд и социјална политика, на 36 лица со телесен инвалидитет. На настанот присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
„МТСП се грижи за сите граѓани со одредени попречености или телесни инвалидности за да можеме да направиме максимум и во делот на права и во делот на услуги за навистина да се подобри квалитетот на нивниот живот. Министерството прави напори со обезбедувањето средства потребни за функционирањето на Националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија – Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката Царовска.
Повеќе: ДОДЕЛЕНИ ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА И ДОДАТОЦИ НА 36 ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТНа 21.07.2019 година, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, на платото пред Домот на културата „Антон Панов“, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, се одржаа 25-тите Музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
14 учесници од Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Струмица се натпреваруваа кој поубаво ќе отпее, а се пееја традиционални македонски народни песни. Во официјалниот програм настапија:
Повеќе: Во Струмица се одржаа 25-тите Музички средби на лица со телесен инвалидитет