На 02.04.2015 година, во канцеларијата на Мобилност Маедонија се одржа средба помеѓу Јан Грензебах – практикант во Германска амбасада во Скоје, Клаудија Петровска, оддел за администрација при амбасадата, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар Софка Прчева.
Тема на средбата беше имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност. Во разговорот ги истакнавме проблемите со архитектонските бариери кои всушност претставуваат и најголема пречка за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во општеството, бариери кои го спречуваат образованието на лицата со најтежок телесен инвалидитет и со самото тоа ги ставаат во редот на неконкурентни лица на пазарот на трудот, потоа разговаравме за квалитетот на ортопедските помагала и роковите за користење како предуслов за самостојно движење, за јавниот градски превоз, за надоместоците како компензација на инвалидноста...
Повеќе: Средба со претставници на Германска амбасадаНа 23.12.2014 година, во просториите на Фудбалска федерација на Македонија беше одржан работен состанок на кој што беа поставени основните темели за понатамошна соработка помеѓу ФФМ и Мобилност Македонија. На состанокот присуствуваа: Филип Поповски - генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Бранимир Јовановски - претседател на Мобилност Македонија, Драган Дојчиновски -генерален секретар на Македонскиот параолимписки комитет, Бобан Јордановски и Никола Делов (членови на органи на Мобилност Македонија) кои ја запозна фудбалската федерација со застапеноста на „најважната споредна работа“ и двата типа на фудбалски средби за лица со инвалидтет каде има натревари за слепи (Ф5а) и фудбал за лица со церебрална паралза (Ф7а). Идејата е да се формира национална селекција на лица со телесен инвалидитет и во ова фаза на пионерски чекори до сега во сојузот има пријавено 15 фудбалери. Планирано е на терените во спорскиот центар „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на Фудбалот“ да се одигра ревијален натревар со цел да се подигне и зголеми свеста за лицата со инвалидност. По завршувањето на состанок беа донирани 15 комплети на спортска опрема (Маици, шорцеви и тренерки) и 4 фудбали за футсал.
Повеќе: Мобилност Македонија и ФФМНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, преку Фудбалската федерација на Македонија се вклучи во проектот на УЕФА - „Капитени на промени“. Проектот се спроведува во голем број од европските земји. Целта на овој проект е да се влијае на креирање на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата , националната припадност и физичката способност.
Фудбалската федерација на Македонија во рамките на проектот „Капитени на промени“ на натпреварот Македонија – Белорусија, покани членови на Мобилност Македонија да ја подржат нашата репрезентација. Фудбалскиот натпревар се играше на 27 март на Националната арена „Филип Втори“.
Повеќе: Капитени на промениУправниот одбор на Мобилност Македонија, на седницата одржана на 10.03.2015 година, за реализација на програмските активности ги утврди следните рокови:
1, Рокот за поднесување молби за користење на апартманите за одмор и опоравок во Охрид е од 01.04. до 15.04.2015 година.
2, Репрезентативниот и новиот апартман имаат право да ги користат членовите на Управниот одбор, Собранието на Мобилност Македонија и членовите на одделните Комисии.Рокот за поднесување на молбите за користење на овие апартмани е од 01.04. до 30.04.2015 година.
3, 27-те Републички спортски игри на Мобилност Македонија ќе се одржат од 4 до 7 јуни 2015 година во комплекс хотелите „Мизо“ во Охрид.Рокот за поднесување на екипите со натпреварувачите дополнителни ќе биде соопштен.
4, 21-те Републички Квиз натпревари ќе се одржат на 24 и 25 октомври, во хотел „Цар Самуил“ во Банско Струмица. Квалификационите натпревари во здруженијата ќе се одржат на 10.09.2015 година со почеток во 17часот. Прашањата ќе бидат доставени во канцелариите на здруженијата по електронски пат во 16,30ч., а одговорите на прашањата во 18ч..Здруженијата резултатите од квалификациониот натпревар со записник треба да ги достават до сојузот исто така по електронски пат најдоцна еден час по завршување на натпреварот.
Повеќе: Календар на активности во 2015Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 10.03.2015 година ја одржа првата седница на Управниот одбор на сојузот за мандатниот период 2015-2019 година.
На седницата беа поставени бројни точки на дневниот ред. Најнапред беше разгледан и усвоен Записникот од седницата на УО одржана на 24.01.2015 година, потоа од страна на претседателот беше дадена исцрпна информација за реализирани активности помеѓу двете седници на Управниот одбор и беа избрани работните тела и комисиите на Мобилност Македонија за новиот мандатен период и тоа:
- Дисциплинска комисија: Марина Ташкова, Нермине Изаири и Васил Томов;
-Комисија за здравство и опоравок: д-р.Нико Јанков, д-р.Славчо Илиев, Рашо Талунџиќ, Нада Таневска и Горан Здравков.
-Комисија за образование и култура: Томче Најдовски, Стеван Ангелевски, Мери Туџарова, Кире Огненовски и Никола Марачков;
-Статутарно правна комисија: Елица Трпковска, Персида Пренџова и Митко Фидановски;
-Комисија за спорт: Васко Стефановски, Дејан Ѓоргиевски, Лидија Успрцова, Дејан Атанасовски и Томи Јаневски;
Повеќе: Прва седница на Управниот одбор