НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

МОБИЛНОСТ Битола на првата Балканска колонија на ракотворци во Битола

004Во рамките на Бит Фест оваа година од 3-ти до 7-ми август се одржа првата Балканска Колонија на Ракотворци во организација на Астерион Галери. Повеќе членови од МОБИЛНОСТ Битола учествуваа со свои творби, како и на организираните работилници. Највпечатливо беше учеството на ракотворецот Мирко Костовски и гостинката од Струмица, Роза Мојсовска. Со истите е реализиран и ТВ профил кој се емитуваше на националните телевизии на 05.08.2013 во попладневните часови. МОБИЛНОСТ Битола пред ТВ камерите потпиша меморандум за соработка со Астерион Галери. Притоа претседателот на Астерион Галери, дипл. граф. инж. Ромео Ацевски, кој воедно е и професионален фотограф и ракотворец и претседателот на МОБИЛНОСТ Битола, прим. д-р Нико Јанков дадоа пригодни изјави за идната соработка.

Повеќе: Активности на Мобилност Битола

Меѓународна средба на организации кои ги здружуваат

параплегичарите и тетраплегичарите во Пацуг, Словенија

001 Pacug srečanje Balkan paraplegikiСојузот на параплегичари на Словенија од 27.09-02.10.2013 година во Домот на параплегичари во Пацуг, Словенија организираше меѓународна средба помеѓу организациите кои на национално ниво ги здружуваат параплегичарите и тетраплегичарите во Југоисточна Европа, со цел зајакнување на меѓусебната соработка и подобрување на правата и положбата на параплегичарите и тетраплегичарите во овој дел од Европа.

На средбата учествуваа по двајца претставници од националните орханизации кои ги здружуваат параплегичарите и тетраплегичарите од: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија. Средбата имаше работен карактер и сите учеснички имаа можност да ја претстават моменталната положба во областа на правата и положбата на параплегичарите и тетраплегичарите, што е сторено, кои барања се во постапка и кои се долгорочните цели и активности на ова поле.

Повеќе: Меѓународна средба

kombeНа иницијатива на Мобилност Македонија, а по добиена информација од нашите членови кои престојуваат во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци Бања Банско, како и со лична заложба на министерот за труд и социјална политика, г-дин Диме Спасов, поставена е рампа за полесно влегуванје и транспорт на лица кои користат инвалидска количка. Сега штитениците на заводот ќе можат полесно да се превезуваат до Струмица и околните места, секако со однапред искажана потреба и одобрение од директорот и стручната служба на заводот.  

slika 2На 26.09.2013 година во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржана XI-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија на која беа поставени и дискутирани повеќе прашања од интерес на сојузот, здружените членки и самите членови - лица со телесен инвалидитет.

На седницата беа донесени повеќе одлуки и заклучоци меѓу кои:

Повеќе: Одржана XI седница на УО на Мобилност Македонија

            Намалување на цената на геодетските елаборати за легализација на бесправно изградени објекти за 50%  за корисниците на постојана парична помош и самохрани родители на деца со инвалидност

mtspМинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот  на Агенцијата за катастар на  недвижности на Република Македонија, Славе Трпевски информираа за намалување на  цената  на геодетските елаборати за легализација на бесправо изградени објекти  за корисници на постојана парична помош  и самохрани родители на деца со инвалидност.

Со оваа мерка на Владата на Република Македонија, се предвидува намалување на цената на чинење на елаборатите за легализација на бесправно изградени објекти со етажен и габаритен премер за 50% и тоа, за објекти до 50м2  и за објекти од 51м2 до 150м2, односно да се намали цената на чинење на елаборатот за легализација на бесправно изградени објекти и делови на објекти до 50м2 од 2000 денари и на 1000 денари, и  да се намали цената за легализација на бесправно изградени објекти и делови на објекти од 51м2-150м2 од 41 денар по м2 на 20 денари по м2 односно намалување од 50%.

За искористување на ова право примателите на постојана парична помош и на самохраните родители на деца со инвалидност, треба да ги подигнат потврдите од центрите за социјална работа и да ги достават до Геодетските фирми.

Повеќе: Новости од министерство за труд и социјална работа