НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

ОДРЖАНА I-ТА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА И ОДБЕЛЕЖАН 20-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МОБИЛНОСТ ДЕБАР

11На 11.05.2013 година, согласно одлуката на Управниот одбор на Мобилност Македонија во Дебар се одржа I-та пo ред тематска работилницa во рамките на која пригодно беше одбележан и јубилејот 20 години успешно работење и делување на Мобилност Дебар. Во присуство на членови на скоро сите здруженија на Мобилност Македонија, гости од невладини организации на Дебар, претставници на подрачни едници на одделни министерства, соработници и пријатели, како и претставници од инвалидските организации на Република Албанија, Атли Горенца, претседателот на Мобилност Дебар им се обрати на присутните и им се заблагодари за нивното присуството на одбележувањето на нивниот јубилеј. 

Повеќе: 20-ГОДИШEН ЈУБИЛЕЈ НА МОБИЛНОСТ ДЕБАР

Четврта меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“

18Во организација на Мобилност Македонија, во апартманите во населбата Охридати во Охрид од 20-27.04.2013 година беше одржана четвртата меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“ на која настапија 14 ликовни уметници од земјата и странство.

Организацискиот одбор на ликовната колонија при Мобилност Македонија за учество на годинашното 4-то издание ги селектира следните уметници: Проф. Димитар Малиданов од Скопје, Проф. Зоран Јакимовски од Куманово, Проф. Ибрахим Беди од Скопје, потоа академските сликари Димитар Мајанов од Скопје, Богоја Мојсоски од Охрид, Спасе Перовски од Велес, Валентина Илиевска од Куманово, Намдагжанчивин Литов од Монголија кој живее во Скопје, Јанко Лацо од Зрењанин-Србија, Клара Касаш-Томиќ од Нови Сад-Србија, како и уметниците со инвалидност Тома Димовски од Скопје, Роза Мојсовска од Банско-Струмица, Војко Гашперут од Седло-Словенија и Метод Закотник од Шкофја Лока-Словенија. Гост на колонијата беше Славица Зориќ од Нови Кнежевац, претседаел на заболени од МС на Севернобанатски округ-Србија.

Повеќе: Четврта меѓународна ликовна колонија „Охрид 2013“

Прва меѓународна креативна работилница во Охрид во организација на Мобилност Скопје

12Почитувани читатели,во еден од минатите броеви на гласилото Феникс 86 ви ја преставивме нашата креативна работилница. Сега сакаме да ги споделиме новостите со вас.Мобилност Скопје организираше прва меѓународна креативна работилница за накит кој го изработуваа лица со телесен инвалидитет членови на мобилност Скопје.На работилницата беа поканети членови од здружението на лица заболени од мултиплекс склероза од Нови Кнежевац - Србија кој почестија со своето присуство.

Првата меѓународна креативна работилница траеше од 12.04 до 19.04.2013 во Охрид. Упорноста, желбата и истрајноста на нашите членови допринесе да создадеме можност за проширување на работилницата и надвор од Скопје, односно да формираме меѓународна креативна работилница да ги здружиме силите со нашите збратимени членови од Нови Књажевац и да создадеме досега најголема работилница со големи искуства кои резултираа благодарение на вештите раце на нашите членови како едни прекрасни уникатни рачни креации.

Повеќе: Прва меѓународна креативна работилница

Одржана 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија

15На 26 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија. На истата беа поставени 15 точки на дневниот ред и беа дадени многу информации и донесени повеќе Одлуки и Заклучоци меѓу кои:

1.Беше усвоен записникот од претходната седница на Управниот одбор одржана на 09.02.2013 година и беа дадени информации за преземените активности меѓу двете седници на управниот одбор како то се барањето за обновителна рехабилитација, барањето за толкување на Статутарна одлука на УКиМ, барање до ЈП „Градски паркинг“ за паркирање на возилата на лицата со инвалидност од внатрешноста на РМ, барање на донација компјутери и друга техничка апаратура за здруженијата упатено до Министерство за информатичко општество и администрација, како и други индормации од интерес на членовите и здружените членки.

Повеќе: 10-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија

Одржана тркалезна маса на здружените членки на Мобилност Македонија

2На 25 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа тркалезна маса на која учествуваа претставници од сите 17 здруженија на лица со телесен инвалидитет, здружени во Мобилност Македонија. Со истата како медијатор раководеше претседателот Бранимир Јовановски. Тој изнесе повеќе идеи за збогатување на активноста на Мобилност Македонија и здружените членки. Потоа беше отворена дискусија во однос на изнесените идеи и по завршување на дискусијата беа донесени следните Заклучоци:

1.Општинските здруженија да покажат зголемени активности на локално ниво и да организираат најмалку по една тркалезна маса (самостојно или со инвалидските здруженија од територијата на која делуваат) на секои 3-4 месеци на актуелна тема која ќе ја одберат. Во рамките на своите надлежности и средствата со кои располагаат може да организираат и регионални тркалезни маси меѓу здруженијата на Мобилност Македонија. За активноста која ќе ја спроведат се задолжуваат да составуваат месечен извештај и до крајот на месецот во електронска форма го досавуваат до Мобилност Македонија. Извештајот може, а и пожелно е, да биде со слики од активностите во резолуција најмалку 800 х 600 пиксели.

Повеќе: Tркалезна маса на здружените членки на Мобилност Македонија