НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

literatura2На анонимниот конкурс за најдобри литературни творби во 2011 година објавен од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија пристигнаа вкупно 16 песни, пријавени под шифри.

 

Повеќе: 17-ти Републички литератни средби

 

Донаторска изложбаНа 02.12.2011 година во галеријата на Домот на АРМ во Скопје, со поддршка и присуство на Претседателот на РМ, д-р. Ѓорге Иванов, се одржа донаторска изложба на уметничките дела насликани од академски уметници и талентирани лица со телесен инвалидитет за време на првата и втората меѓународна сликарска колонија на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, одржани во Охрид 2010 и 2011 година. На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Република Франција и на Република Италија, претставници на дипломатските претставништва на Бугарија и Германија, бизнисмени и членови на нашите општински и меѓуопштински здруженија.

Повеќе: Донаторска изложба

tabla3На 05.11.2011 година во 10 часот во „Хотел Македонија” во Тетово Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на вториот републички турнир во табла на Мобилност Македонија. На турнирот беа поканети сите здруженија на Мобилност Македонија, а земаа учество 20 натпреварувачи од 8 здруженија и тоа: Мобилност Дебар еден учесник, Мобилност Кочани, Штип, Велес и Струмица по двајца учесници, Мобилност Гевгелија тројца и Мобилност Скопје и домаќинот по четворица натпреварувачи. На турнирот се играа игрите табла и апс кој прв стигне до три систем на елиминација. На турнирот прво место освои Дејан Атанасовски од Мобилност Гевгелија, второ место Илчо Кангов исто така од Мобилност Гевгелија и третото место го освои Зоран Јовановски од Мобилност Струмица. Учесниците на турнирот ги поздравија и им посакаа успешен турнир gрадоначалникот на општина Тетово Д-р Сади Беџети, пратеникот на СДСМ, г. Стојко Пауноски, и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ г-ѓа.Светлана Карапетрова.

Повеќе: Втор Републички турнир во табла

 

Седница на управен Одбор на МОбилност МакедонијаУправниот одбор на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 14.10.2011 година, во просториите во ДХО „Даре Џамбаз” во Скопје, ја одржа својата четврта редовна седница.

Повеќе: Четврта седница на Управниот Одбор на Мобилност Македонија

 

„17-ти  Музички средби“ на Мобилност МакедонијаСо делумна финансиска подршка од Министерството за култура која музичките средби на лицата со телесен инвалидитет ги оцени како културен настан во 2011 година, во големата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица на 02.10.2010 година се одржаа седумнаесеттите музички средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Струмица и оваа година традиционално ги пречека најдобрите македонски интерпретатори на изворна народна музика од редот на лицата со телесна инвалидност.

Повеќе: „17-ти Музички средби“ на Мобилност Македонија