Здружението на лица со телесен инвалидитет на Штип - Мобилност Штип на ден 18.12.2011 година организираше новогодишна прослава за своите членови на која поред нашите членови, присуствуваа и претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија и претставници од Мобилност Скопје.
Ресторанот ,,ВАГО,, беше прекрасно уреден и украсен со безброј лампиони, светилки и други новогодишни украси, а естрадната пејачка Јулија во придружба на една од најдобрите музички групи од Штип „КОКТЕЛ-БЕНД“ се погрижи за добро расположение и веселба кај присутните.
Повеќе...На 14.12.2011 година во ДХО „Даре Џамбаз“ во просториите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија беше остварена работна средба помеѓу Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски. На средбата присуствуваа и раководителот на секторот за патен сообраќај и инфраструктура при министерството, Стефче Јолаковски, и генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софка Прчева. На наше големо задоволство, средбата помина во исклучително концизна дискусија со предлози за конкретни решенија на нашите барања.
На анонимниот конкурс за најдобри литературни творби во 2011 година објавен од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија пристигнаа вкупно 16 песни, пријавени под шифри.
Повеќе...
На 02.12.2011 година во галеријата на Домот на АРМ во Скопје, со поддршка и присуство на Претседателот на РМ, д-р. Ѓорге Иванов, се одржа донаторска изложба на уметничките дела насликани од академски уметници и талентирани лица со телесен инвалидитет за време на првата и втората меѓународна сликарска колонија на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, одржани во Охрид 2010 и 2011 година. На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Република Франција и на Република Италија, претставници на дипломатските претставништва на Бугарија и Германија, бизнисмени и членови на нашите општински и меѓуопштински здруженија.
На 05.11.2011 година во 10 часот во „Хотел Македонија” во Тетово Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на вториот републички турнир во табла на Мобилност Македонија. На турнирот беа поканети сите здруженија на Мобилност Македонија, а земаа учество 20 натпреварувачи од 8 здруженија и тоа: Мобилност Дебар еден учесник, Мобилност Кочани, Штип, Велес и Струмица по двајца учесници, Мобилност Гевгелија тројца и Мобилност Скопје и домаќинот по четворица натпреварувачи. На турнирот се играа игрите табла и апс кој прв стигне до три систем на елиминација. На турнирот прво место освои Дејан Атанасовски од Мобилност Гевгелија, второ место Илчо Кангов исто така од Мобилност Гевгелија и третото место го освои Зоран Јовановски од Мобилност Струмица. Учесниците на турнирот ги поздравија и им посакаа успешен турнир gрадоначалникот на општина Тетово Д-р Сади Беџети, пратеникот на СДСМ, г. Стојко Пауноски, и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ г-ѓа.Светлана Карапетрова.
Повеќе...