НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

pravobranitelВе известуваме дека поради претстојните локални избори, во канцеларијата на Народниот правобранител, отворена е бесплатната телефонска линија 0800 54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денoвите кога ќе се одржува гласањето, во двата изборни кругови, со оглед дека Народниот правобранител во Скопје и Подрачните канцеларии во Битола, Куманово, Кичево, Тетово, Сттрумица и Штип ќе работат и на денот на гласањето.
Телефонската линија функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, а по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.
Ве замолувам оваа информација да ја споделите со членовите на Вашите организации/здруженија односно истоите да бидат информирани за можноста за пријават евентуални проблеми/нерегуларности при реализирање на гласачкото право од страна на лица со попреченост.
Во случај да имате такви сознанија можете да се јавите на бесплатната телефонска линија 0800 54321, или на бројот 02/3129335 лок.570 кај советниците од тимот за мониторинг при Народниот правобранител.
Повеќе: ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ОД ОДДЕЛОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО И ЛИЦА...
019На 10.10.2021 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци се одржа натпревар во пинг понг во рамките на 33. Републички спортски игри, а во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, финансиски помогнати од средствата за активност преку Министерството за труд и социјална политика.
Во исклучително спортска и фер атмосфера, со почитување на мерките и препораките за спречување на ширење на корона вирусот, се постигнаа следните резултати:
Повеќе: 33. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ ВО ПИНГ ПОНГ
001На 06.10.2021 година, во ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа одбележување на 6.Октомври-Светскиот ден на церебралната парализа.
Поред претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, за настанот и потребите на лицата со церебрална парализа, како и за она што институциите на државата направиле за ова популација, говореа и: Горан Стојчевски, претставник на лицата со церебрална парализа од Мобилност Скопје, Милован Живковиќ - советник на премиерот за социјални прашања, Спасе Додевски - претседавач на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, Владимир Лазовски - претставник на Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ - претставник на Министерството за образование и наука, д-р Весна Костиќ-Ивановиќ - Државен советник за следење на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лица со попреченост при Народен правобранител, и Даниела Стојановска Џинговска - претседател на Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ.
Претседателот Јовановски во своето излагање истакна:
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА 6. ОКТОМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦЕРЕБРАЛНАТА ПАРАЛИЗА

LogoНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува своите членови и лицата со телесен инвалидитет кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала, да се пријават на отворениот повик:

  • електричен додаток за движење на инвалидска количка (Electric Wheelchair Handcycle);
  • инвалидска количка на електромоторен погон.

Право да поднесат барање имаат членовите на Мобилност Македонија и други лица со телесен инвалидитет од 18-65 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските индикации согласно Правилникот за индикациите за оставрување на право на ортопедски и други помагала, а неможат да го остварат правото преку ФЗОРСМ.

Лица кои претходно од сојузот добиле некое од наведените помагала, немаат право на пријавување.

Кон барањето треба да се достави дополнителна документација со која ќе се докаже исполнувањето на критериумите од членот 5 и 6 од Правилникот за распределба на инвалидски колички на електромоторен погон и други ортопедски додатоци на Мобилност Македонија и тоа:

Повеќе: Јавен Повик
001Од 21-24.09.2021 година во Врнјачка Бања, во организација на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС) беа одржани 29 Републички спортски игри на кои учествуваа и тројца натпреварувачи од Мобилност Македонија.
Најголем успех од нашите спортисти постигна Гоце Миновски од Скопје, кој во класата Ф-53 освои три први места и тоа:
-1-во место во копје со резултат 9,19 метри;
-1-во место во диск со резултат 9,59 метри;
-1-во место во ѓуле со резултат од 11,70 метри.
Дејан Ѓорѓиевски од Скопје во класата Ф-58 освои:
-2-ро место во копје со резултат 13,72 метри;
-3-то место во диск со резултат 13,18 метри;
-4-то место во ѓуле со резултат 5,25 метри.
Златко Арсовски од Кочани во класата Ф-55 освои:
-4-то место во ѓуле со резултат 4,30 метри;
-5-то место во копје со резултат 9,36 метри;
-5-то место во диск со резултат 11,07 метри.
Натпреварот се одвиваше во исклучително лоши временски услови, студено и дождливо време.
Повеќе: НАСТАП НА СПОРТИСТИ ОД МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА 29 РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА СПИКС