НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

ombudsmanTимот за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) при Одделот за заштита на правата на децата и лица со попреченост кај Народниот правобранител а во координација со сите граѓански организации кои се дел од независниот мониторинг механизам (НММ) го реиницира проблемот со пописните прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, и на 13.08.2021 повторно се обрати до директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) со Препорака итно да се направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на Прашалниците кои ќе се користат при реализирање на претстојниот попис, пришто сериозно ќе бидат земени предвид мислењата, забелешките и сугестиите дадени од организациите кои се дел од механизмот за мониторинг, а чии автентични ставови и реакции беа нотирани во дадената Препорака. Од страна на ДЗС на ден 23.08.2021 ни беше доставен одговор во кој е наведено дека: „Пописот претставува најмасовна статистичка акција преку која се прибираат голем број на податоци за единиците кои се предмет на попишување. Во таа смисла, не постои можност да се приберат сите барани податоци од различни категории субјекти, бидејќи на тој начин значително ќе биде оптоварена самата статистичка пописна акција...со Пописот се планира да бидат прибрани сет на податоци кои се однесуваат на наведената категорија на лица, преку што ќе може да се креираат бази на податоци во кои понатаму, преку конкретизирање на соодветно статистичко истражување, ќе може да се приберат поголем сет на податоци со потребен квалитет на наведените категории лица.“
Повеќе: НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРИ БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА 0800 54321 ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА...

011На 22 и 23 јули 2021 година, во хотел „Конгресен центар“ - Охрид се одржа 33-тото Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет, во организација на Мобилност Македонија и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.

Поради пандемијата од ковид-19, и оваа година бројот на учесници беше намален. На првенството учествуваа 15 шахисти кои играа по викенд правила на ФИДЕ во 5 кола. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.

Првенството се одржа согласно препораките на Комисијата за заштита од заразни болести.

Во спортска и фер атмосфера, на првенството беа постигнати следните резултати:

Повеќе: 33-то Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет
1.Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велес
Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велес ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, Свети Николе, Карбинци, Штип, Пробиштип кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ПОУ „Маца Овчарова“-Велес, ул„Кресненско востание“ бр.4, Велес или по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 043/231-987 или на моб. 070 727 027
 
2.Основно училиште со ресурен центар „КОЧО РАЦИН“ Битола
Основно училиште со ресурен центар „КОЧО РАЦИН“ Битола ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Македонски Брод, Пласница, Кичево, Дебар, Центар Жупа, Дебрца, Струга, Вевчани, Охрид, Долнени, Крушево, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Битола, Могила, Новаци, Прилеп кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ОУ „КОЧО РАЦИН“ Битола, ул„Прилепска“ бб, Битола или
по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 047/236-900 или на моб. 078/448-192
 
3.Основно училиште со ресурен центар „Д-р Златан Сремец “ Скопје
Основно училиште со ресурен центар „„Д-р Златан Сремец “ Скопје
ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса: ОУРЦ „Д-р Златан Сремец “ Скопје, ул„Емил Зола “ бр.5, Скопје или по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 02/770-446
 
4.Основно училиште со ресурен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село
Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Селого има Југоисточниот реон и ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село, ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434
И по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 034/355-247 факс 034/355-077 или на мобилен: Звонко Ангеловски 070/263-177 и Елена Гаврилова (кординатор) 075/726-969
 
5. Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„ Скопје
Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„ Скопје ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел,Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново, Чучер Сандево кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„Скопје
Ул: Втора Македонска бригада бр.3, Скопје
по електронски пат на: idnina2008 @yahoo.com
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 02 2621 976 или на моб. 071/249-481
 
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.
На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот асистент, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степен те.VI/A според македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).
Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција е 02.07.2021 година.
002Во организација на Центарот за поддршка на НВО-Гевгелија во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Националниот Младински Совет на Македонија(НМСМ), на 17.06.2021 година во хотелот Аполонија во Гевгелија, беше органзирана јавна расправа на тема „Состојбата и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет во општина Гевгелија’’. Воведничари беа: Сашо Поцков, Градоначалник на општина Гевгелија; Даниела Гошева Кангова од Здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност Гевгелија; Бранимир Јовановски претседател на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија; Томислав Цветковски од Министерство за труд и социјална политика, Скопје; Маријана Тошева од Општинска организација на Црвен Крст – Струмица. Присутни беа претставници на општина Гевгелија, Центар за социјални работи, Фонд за здравство, Црвен Крст -Гевгелија, Здружение на лица со телесен инвалидитет и Здружение на слепи лица.
Повеќе: ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА: „СОСТОЈБАТА И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ ВО ОПШТИНА...
Граѓанската иницијатива ,, И Јас Сум“ од Неготино го имплементира проектот ,,И Јас Сум ДЕЛ'' со поддршка на Македонското здружение на млади правници и Aмбасадата на Кралството Холандија со цел да ја подобри положбата на лицата со попреченост во Општина Неготино.
За таа цел се превземени следните активности:
1. Анализа ,,ИНклузиЈАС' - Главните податоци покажуваат дека во Неготино живеат 120 лица со телесен инвалидитет, додека во пола од јавните институциите не постои рампа за пристапност (во 8 од 17 институци) а ниту една улица нема тротоар со законски наклон.
2. За таа цел, изработивме архитектонско решение за наклони на 66 тротоари на 19 улици во централното подрачје во Неготино и ја доставивме целата документација до Општината и Владата за понатамошна изведба.
3. Изработивме кратко документарно видео ,,ИНклузиЈАС“ со личната приказна на фамилија Иванови од Неготино на кое се прикажани предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.
До сега ниту една од институциите не покажа никаков интерес за идејата. Особено е жално, во овој период кога се реновираат улиците, кога адаптацијата на тротоарите би била највозможна, не постои никаков интерес од страна на институциите.
Се надевам дека Вам, пријатели кои градите инклузивен свет, ќе ви послужат овие материјали за идни проекти и активности.