НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

002На 27.05.2021 година, на терасата на Музејот на македонската борба во Скопје, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржа јавен настан за подигање на свеста за потребите и правата на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија.
На настанот поред четириесетина членови на Мобилност Македонија од повеќе здружени членки, како гости присуствуваа: Милан Живковиќ - советник на премиерот за труд и социјална политика, Томислав Цветковски и Зоран Стојанов - претставници од Министерството за труд и социјална политика, Доцент д-р Иван Барбов - начелник на Клиниката за неврологија при универзитетската клиника Мајка Тереза во Скопје, Даниела Стојановска Џинговска - советник на директорот на ФЗОМ за ортопедски помагала, Горан Чаловски - директор на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје и Даниела Николова - директор на Музејот на македонската борба.
Повеќе: ОДРЖАН НАСТАН ЗА ПОДИГАЊЕ НА НИВОТО НА СВЕСТА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА,...
001Денес, на 20.05.2021 година, преку Зум платформата, беше одржана јавна презентација на Компаративната анализа за вработување на лицата со попреченост во рамки на Проектот за администрирање на социјално осигурување. Презентери беа експертите од Институтот за развој на пазарот на трудот од Хрватска, Дарио Карачиќ и Антонио Матковиќ.
На Република Северна Македонија и е одобрен кредит од страна на Групацијата на Светска банка за реализација на Проект за администрирање на социјалното осигурување (СИАП). Дел од активностите на проектот се однесуваат на реформирање на системот за вработување на лица со попреченост, односно развој на модел и законодавна рамка за вработување на лица со попреченост.
Целта на оваа активност е проширување на можностите за вработување на лицата со попреченост и подигнување на нивната инклузивност на пазарот на труд. Во оваа насока потребна е широка јавна расправа за опциите за политиките за вработување на лица со попреченост, како и за развивање на новата законодавна рамка.
Повеќе: ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОМПАРАТИВНАТА АНАЛИЗА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Во Куманово започна проект за прилагодување на тротоарите за движење на лицата со инвалидност. Проектот е со целосна поддршка од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Иницијативата ја покрена здружението на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Куманово, кое укажува дека овозможувањето на непреченото и самостојно движење е основа за социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет и дел од мерките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидност.

 

101Денес, 07.05.2021 година, во организација на Македонски институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), преку платформата Зум, беше одржана „Работилница за инклузивно новинарствои генерирање теми за видео стории поврзани со застапување на правата на лицата со попреченост“.
Мобилност Македонија на работилницата ја претставуваа Бранимир Јовановски, Христина Просковска и Горан Спасов.
Повеќе: РАБОТИЛНИЦА ЗА ИНКЛУЗИВНО НОВИНАРСТВО ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МИМ И НСИОМ
101На 05.05.2021 година се одржа седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност на која на дневниот ред неа ставени следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од претходната седница одржана на 07.04.2021 година;
2. Дискусија по однос на изработката за Акцискиот план за 2021 година;
3. Информација за реализирани активности на Националното координативно тело до седницата;
4. Разно.
Се седницата раководеше Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија
Под точка 3, поставив прашања и дискутирав во однос на работи од интерес на нашето членство и тоа за:
Повеќе: СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНОТО КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ООН ЗА ПРАВАТА НА...