19-тиМузички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија
И оваа година низ големата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица ечеше македонска народна песна, се менуваа вокалните интерпретатори од редот на лицата со телесен инвалидитет еден по еден во желба да се закитат со едно од признанијата кои за најуспешните тројца интерпретатори ги обезбеди организаторот Мобилност Македонија, Манифестацијата 19-ти Музички средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија се одржа на 24.11.2013 година, а поред 15-те домашни изведувачи на македонски народни песни, кои се натпреваруваа за епитетот најдобар интерпретатор, во ревијалниот дел настапија двајца гости од Бугарија, Иван Караиованов со прекарот бугарски Том Џонс и Румен Михајлов, и двајцата членови на фондацијата „Сила за живот“ кои исполнија повеќе нумери од познати странски изведувачи.
16-та традиционална манифестација „Tортијада 2013“
Во саботата, на 9 ноември во хотелот „Цар Самуил“ во Банско Струмица се одржа 16-та традиционална меѓународна манифестација „Тортијада 2013“ во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица – Мобилност Струмица, а финансиски подржана од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.
Учесниците ги пријавуваа тортите под шифра на самиот ден на пристигнувањето. Според пропозициите учесниците имаа право да ги донесат тестата за тортите направени, а филувањето и декоративниот дел од тортатата го приготвуваа пред жири комисијата.
Европско првенство во стрелаштво Аликанте 2013
-Две „стативи“ за македонските параолимпијци-стрелци
Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидност учествуваше на Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Шпанија, во Аликанте од 18-26.10.2013 година. Натпреварот беше спровден согласно правилата на ISSF и на IPC-Shooting. После подолго време, поточно од 2007 година, конечно најдобрите евтопски стрелци добија шанса да се натпреваруваат на ваков престижен натпревар. Република македонија на овој натпревар ја претставуваа: Бранимир Јовановски (тренер, селектор и натпреварувач), Оливера Наовска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска (стрелци) и Драган Дојчиноски (тим лидер и асистент). Финансиската конструкција беше затворена благодаение на средствата од Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална политика, Општина Гази Баба, Скопје и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ Скоје. Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет им изразува голема благодарност до нашите финансиери, спонзори и донатори.
На покана на Инвалидските здруженија и сојузи на Унско-Санскиот кантон,четворица претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на Седмата Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност.Составот на екипата беше Васил Томов,Рашо и Живка Талунџиќ и Горан Војновски.
Конференцијата се одржа во рамките на Кампањата “Да делуваме заедно” која ја спроведува Коалицијата за стратегија и изедначување на можностите и правата на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон.
Конференцијата се одржа на 23 и 24 октомври 2013 година во Сански Мост хотел Златна долина а гостите од страна беа сместени во хотел Санус.