Oбука за користење и поправка на инвалидски колички
Минатата година Мобилност Македонија преку Црвениот крст на град Скопје, оствари соработка со американската хуманитарна организација „Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни“, кога договори донација во ортопедски помагала. Оваа организација на барање на Мобилност Македонија обезбеди: 145 собни и теренски инвалидски колички, 58 бастуни, 58 подлактни штаки, 35 подпазувни патерици, 11 одалки, 98 антидекубитални перничиња со гел, 21 антидекубитални перничиња со пена, 50 резервни гуми за инвалидски колилки и 50 резервни гуми за патерици .
Средба на претставниците на Националните инвалидски
организации со најуспешните бизнис компании во Македонија
Во организација на Министерството за труд и социјална политика, на 16.10.2013, претседаелот на Мобилност Македонија заедно со претставниците на националните сојузи на слепи, глуви и наглуви и интелектуално попречени лица присуствуваше на работна средба со преку 30 претставници од најуспешните компании од бизнис секторот во Македонија. Средбата се одржа во Конгресната сала во Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје.
Меѓународна конференција на тема “Човекови права на лицата со инвалидност на Балканот и во Турција” се одржа во Истанбул од 09-11.10.2013 година. Конференцијата беше организирана од Европската комисија, TAIEX, „People 2 People Programme” и Европскиот форум за инвалиди (ЕДФ), а посебен фокус на конференцијата беше ставен на искуствата од имплементацијата на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност во државите од Западен Балкан и Турција, но и искуствата од земјите членки на Европската Унија.
Во состав на десетчлената делегација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија беа и тројца претставници на Мобилност Македонија: Бранимир Јовановски, Ефтимчо Атанасовски и Драгана Стоилковиќ.
На 5-ти октомври 2013 година во просториите на ресторанот „Бе-Ни Фонтана“ во с. Бистрица во близина на Битола се одржа тематска работилница. Провокативна и актуелна тема со мултидисциплинарен пристап за мултиплата склероза. За оваа цел се осмисли план кој покрај генералното гледиште, сеопфатно би ги третирал медицинските, физијатриските, балнео, социо-етичките и психолошките гледишта, односно пристапот на државата и локалната заедница преку институциите на системот. Со една цел, сите заинтересирани во остварувањето за подобра положба на лицата со инвалидност, подигање на капацитетот на нивните сознанија и преку комуникација донесување на адекватни заклучоци со кои би се направил мал, но значаен чекор во решавањето на оваа проблематика.