Убав пример за инклузија на лицата со телесен инвалидитет
Инклузијата на учениците со телесен инвалидите во редовните основни училишта претставуваа дел од светското движење, кое прокламира вклучување на сите лица со инвалидност во сите сегменти на општественото живеење.Основното училиште Ј.Х.Песталоци кое се наоѓа во општина Центар континуирано се залага за лицата со инвалидност и зазема афирмативен став за инклузивносто образование. ОУ Ј.Х.Песталоци во изминатите две години бележи голем исчекор во полето на инклузијата преку секојдневната пракса во Училиштето.
На Скопскиот саем се одржаа етно денови на жените на Гази Баба организирани од општинта на Гази Баба. Оваа манифестација беше отворена од градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, а присутните ги поздрави и организаторот на саемот г-ѓа Ленче Јовановска.
Манифестацијата имаше забавно - музички дел во кој со свои настапи се претставија гости од Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ и гости од Македонско-српско здружение од Краљево кои беа облечени во народни носии.
Етно салата беше украсена во етно стил. Исто така беа украсени и штандовите на кои беа претставени народни носии, уметнички ракотворби, разновидни украси, накити, бардаци, тави и многу други рачно изработени предмети. Освен претставнички од сите општини во Градот Скопје, со свои штандови се претставија жените од Прилеп, Крушево и Врање.
На покана на фондацијата „Сила за живот“ од Велико Трново - Бугарија, тричлена делегација на Мобилност Македонија во состав: Бранимир Јовановски, Софка Прчева и Дејан Ѓорѓиевски од 20-27.08.2013 година присуствуваа на осмиот музички фестивал на лица со инвалидност во Поморје, Бугарија. Заедно со делегацијата патуваа и нашите членови – музичари и интерпретатори на народна музика, посебно поканети од страна на организаторот: Николчо Делов, Сотир Јоновски, Севдет Фејсулов и Зорица Гочевска.
На 29-ти јуни 2013 година беше организирано и изведено традиционалното Дефиле на Широк сокак, на кое беа поканети повеќе здруженија од Мобилност Македонија, сојузите на слепи и глуви лица, како и други невладини асоцијации. Локалната самоуправа традиционално ја поддржува оваа манифестација, а градоначалникот м-р Владимир Талескии претседателот на советот, проф. д-р Силвана Ангелевска редовно присуствуваат на нашите активности. Мобилност Битола и оваа година продолжува со лобирање за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на ОН во делот за локалната самоуправа.