На Скопскиот саем се одржаа етно денови на жените на Гази Баба организирани од општинта на Гази Баба. Оваа манифестација беше отворена од градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, а присутните ги поздрави и организаторот на саемот г-ѓа Ленче Јовановска.
Манифестацијата имаше забавно - музички дел во кој со свои настапи се претставија гости од Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ и гости од Македонско-српско здружение од Краљево кои беа облечени во народни носии.
Етно салата беше украсена во етно стил. Исто така беа украсени и штандовите на кои беа претставени народни носии, уметнички ракотворби, разновидни украси, накити, бардаци, тави и многу други рачно изработени предмети. Освен претставнички од сите општини во Градот Скопје, со свои штандови се претставија жените од Прилеп, Крушево и Врање.
На покана на фондацијата „Сила за живот“ од Велико Трново - Бугарија, тричлена делегација на Мобилност Македонија во состав: Бранимир Јовановски, Софка Прчева и Дејан Ѓорѓиевски од 20-27.08.2013 година присуствуваа на осмиот музички фестивал на лица со инвалидност во Поморје, Бугарија. Заедно со делегацијата патуваа и нашите членови – музичари и интерпретатори на народна музика, посебно поканети од страна на организаторот: Николчо Делов, Сотир Јоновски, Севдет Фејсулов и Зорица Гочевска.
На 29-ти јуни 2013 година беше организирано и изведено традиционалното Дефиле на Широк сокак, на кое беа поканети повеќе здруженија од Мобилност Македонија, сојузите на слепи и глуви лица, како и други невладини асоцијации. Локалната самоуправа традиционално ја поддржува оваа манифестација, а градоначалникот м-р Владимир Талескии претседателот на советот, проф. д-р Силвана Ангелевска редовно присуствуваат на нашите активности. Мобилност Битола и оваа година продолжува со лобирање за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на ОН во делот за локалната самоуправа.
И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерството за труд и социјална политика во рамките на реализација на мерката за вработување на триста лица со инвалидност, ги информира граѓаните, националните инвалидски организации, здруженија на граѓани, медиумите и целокупната македонска јавност, дека на ден 16.10.2013 објавува:
Предлог - критериуми, услови за бодирање и потребна документација за засновање на работен однос на неопределено работно време за 300 извршители (лица со инвалидност).
Предложените критериуми се објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk, а со цел да да се дадат предлози, коментари, сугестии или забелешки во однос на истите , како и транспаретност на целокупниот процес на вработување.
Ги повикуваме сите заинтересирани страни да се вклучат во овој процес и дадат коментари на е- маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до недела, 20.10.2013година.
Во прилог ви ги доставуваме и предлог критериумите, условите за бодирање и потребната документација за засновање на работен однос на неопределено работно време за 300 извршители, лица со инвалидност.
ЈАВЕН ОГЛАС - ПРЕДЛОГ КРИТЕРИУМИ (Превземи го огласот - PDF)
Влада на Република Македонија
Министерство за труд и социјална политика
Одделение за односи со јавност