Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија достави барање до Владата на Република Македонија за одобрување на проект за обновителна рехабилитација за 400 лица со телесен инвалидитет годишно и најмногу 50 придружници, кој ќе се реализира преку Министерството за труд и социјална политика и Мобилност Македонија.
Владата на РМ беше запознаена дека Мобилност Македонија, како доброволна, општествено хуманитарна и национална организација на лицата со телесeн инвалидитет на Република Македонија ги претставува и застапува лицата со телесна инвалидност и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија и на меѓународно ниво. Во Мобилност Македонија доброволно се здружени 17 општински и меѓуопштински инвалидски организации со вкупно 7.200 членови кои имаат пречки во мобилноста поради телесна инвалидност предизвикана од: параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, со сочувани ментални способности.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија побара од Ректоратот на УКиМ Скопје толкување на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година со која во член 5 се носи измена со која се вели: „Во членот 322, став 2, зборовите „да студираат без плаќање партиципација и кофинансирање на студиите” се заменуваат со зборовите: „на дополнителни испитни рокови за завршно оценување”.“
Дел од нашите членови се во период на оформување на своето образование на некој од факултетите во состав на УКиМ и од пред извесно време се најдоа засегнати од Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на УКиМ објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година.
Како резултат на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ спроведуван од 6 здруженија на граѓани во соработка и подршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија во 2011 и 2012 година, од 29 јануари оваа година стартуваше нов портал за бесплатна правна помош.
Името на порталот е „Пристап до правдата“ кој се залага за промоција на бесплатната правна помош и овозможува еднаков пристап до правдата за сиримшните граѓани и ранливите категории граѓани, односно има за цел да го олесни пристапот до правдата на граѓаните.
Нацрт ревидирана Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјална исклученост 2010-2020
Во рамките на активностите на Министерството за труд и социјална политика за ревидирање и усогласување на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020, со европските политики, мерки и индикатори, во хотелот Гранд Плаза на 21.01.2013 се одржа работен состанок на кој присуствуваа и претставници од Мобилност Македонија.