sah9На 2-ри Декември во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, а по повод одбележување на „3-ти Декември“ – Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет се одржа екипно Државно првенство во шах, на кое со свои екипи учествуваа:

-Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност Македонија;

-Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија;

-Националниот сојуз на слепи на Mакедонија и

-Националниот сојуз на глуви на Македонија.

Првенството се одржа по викенд правила, Бергеров систем, и на крајот првото место го освои екипата на Националниот сојуз на слепи лица на Македонија со 11 поени, на делба на второто место се пласираа екипите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија со по 6,5 поени и четвртопласирана беше екипата на Националниот сојуз на глуви на Македонија со 0 поени.

НФСРИМ-МПК како организатор на турнирот обезбеди преоден пехар.

sah1.jpg sah10.jpg sah11.jpg

sah12.jpg sah13.jpg sah14.jpg

sah15.jpg sah16.jpg sah17.jpg

sah2.jpg sah3.jpg sah4.jpg

sah5.jpg sah6.jpg sah7.jpg

sah8.jpg sah9.jpg