НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 02.11.2024 година, во хотелот "Вила Парк" во Струмица, се одржа јубилејното 25-то издание на традиционалната манифестација "Тортијада", во организација на Мобилност Струмица а под покровителство на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија.

На манифестацијата учествуваа 9 екипи од здружените членки: Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Кочани, Радовиш, Велес, Гевгелија и домаќинот Струмица.

Првото место за најдобро подготвена торта го освои Здружението Мобилност Гевгелија, второто место Мобилност Кочани а третото место го освои екипата на Мобилност Велес.

Манифестацијата ја отвори претседателот на Советот на општина Струмица, а водител на настанот беше Ѓорѓи Калајџиев.

Средства за одржување на манифестацијата беа обезбедени преку Министерство за труд и социјална политика.

Повеќе: ОДРЖАНА 25. "ТОРТИЈАДА" ВО СТРУМИЦА

001На 30.10.2024 година во салата "Борис Трајковски" во Собранието на РСМ, со почеток во 11:00 часот се одржа конститутивна седница на Интер партиска парламентарна група за правата на лицата со инвалидност. На конститутивната седница се обрати г. Африм Гаши - претседател на Собранието на РС Македонија, г-дин Никола Мицевски - претседавач на ИППГ, г- дин Јован Митрески и г-ѓа Весна Бендевска. По излагањата на пратениците, обраќање имаа и лицата со попреченост во насока на нивните очекувања и нивните видуавања за процесите во поглед на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Во текот на овие дваесет години од своето постоење, ИППГ со својата работа стана препознатлив синоним за промовирање и унапредување на правата на лицата со попреченост.

Визијата за формирање и постоење на една ваква група беше таа да претставува спрега помеѓу организациите на лица со инвалидност и власта, гласноговорник кој ќе ги артикулира потребите на заедницата со попреченост пред народните избраници, и ќе помогне тие потреби да се вообличат во конкретни законски одредби кои ќе гарантираат остварување на правата и креирање на услови за еднакви можности.

Повеќе: КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ИППГ

001На 28.10.2024 година во Владата на рсМ се одржа тркалезна маса и презентација на препораките за политиките околу втемелување на семејниот пристап при осмислување и спроведување услуги на грижа и нега. На настанот учествуваше и министерот за социјална политика, демографија и млади, ФАтмир Лимани.

Претставник на Мобилност Македонија на овој настан беше секретарот Гораст Велковски.

Повеќе: ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ВТЕМЕЛУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИОТ ПРИСТАП ПРИ ОСМИСЛУВАЊЕ И СПОРЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ НА...

001На 24.10.2024 година во Скопје, канцеларијата на ОН во Македонија го одбележа денот на Повелбата на Обединетите Нации која стапила во сила во 1945 година, а од 1971 година 24 Октомври се чествува и е познат како UN DAY.

На настанот како претставник од Мобилност Македонија присуствуваше секретарот Гораст Велковски.

Насловот на одбележувањето на настанот беше „79 години заедничка посветеност за помирен, праведен и поодржлив свет за сите“. Настанот се одржа во Школка во Градски парк во Скопје, а целта на настанот беше да се подигне свеста за итната потреба од поголема одржливост преку практични и едноставни акции кои можат да инспирираат и други. Мотото беше глобалното движење за подобар и поодржлив свет.

Повеќе: ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

001На 28.09.2024 во Бања Лука - БиХ се оржа Меѓународен екипен турнир во шах на параплегичари, на три табли, а организиран од Сојузот на параплегичари на Бања Лука и нивната претседателка Милена. Истиот беше беспрекорно организиран, а турниот го прогласи за отворен надлежниот заменик министер. Мобилност Македонија и оваа година по петти пат учествуваше со своја екипа во состав: Ѓорѓевски Јанчо, Војновски Горан и Изети Зекирија. Во фер и убава атмосфера, нашата екипа го даде својот максимум што резултираше со освојување на првото место на турнирот.

Повеќе: ПРВО МЕСТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БАЊА ЛУКА