Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија -Мобилност Македонија, објавува оглас за вработување на 1(едно) лице преку засновање на работен однос на определено време за работно место – секретар, со можност за продолжување на работниот ангажман.
1.Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да има општа здравствена способност за работно место
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност
2.Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:
-завршено високо образование (правни науки, социјална работа и политика, специјален едукатор - ќе се сметаат за предност);
-ниво на стручни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
-работно искуство: со или без работно искуство во струката;
-активно познавање на англиски јазик;
-познавање на работа со компјутер MS Office (Word, Excel, Powerpoint);
-да има познавање за пишување на проектни апликации;
-да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Опис на работно место:
-ја координира соработката со секретарите и волонтерите на здруженијата членки на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија;
-подготвува месечни и годишни извештаи за реализираните активности;
-спроведување на проекти;
-врши други работни задачи по задолжение на Претседателот на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на македонија - Мобилност Македонија, и согласно Правилникот за организација и систематизација на работите во службата на НСИОМ;
Паричен износ на основна нето-плата за време на определениот временски период: 22.000,00 денари.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време од 3 три месеци.
Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи:
-Доказ за државјанство;
-Доказ за општа здравствена способност / лекарско уверение;
-Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
-Уверение / диплома за завршен степен на образование;
-Доказ за познавање на англиски јазик;
-Доказ за познавање на компјутерски програми / потврда, сертификат;
-Кратка биографија
Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитетна Македонија - Мобилност Македонија, ул.„11 Октомври“ бр.42/а – Скопје. Документацијата која нема да биде поднесена на наведениот начин ќе се смета за некомплетна и нема да се разгледува.