НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

002Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија, на 17-18.09.2022 година, во хотелот „Галеб“ во Струга, го одржа 28-то издание на Републичкиот квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На натпреварот учествуваа 14 екипи кои беа поделени во четири четвртфинални групи од кои две составени од по четири екипи, и две составени од по три екипи. По одржување на четвртфиналните квизови на 17.09.2022, двете првопласирани екипи од секоја четвртфинална група се квалификуваа за полуфиналните борби, а останатите екипи го завршија својот настап на Републичкиот квиз натпревар.
Комплетот на прашањата за квизот традиционално ги изготви Зоран Јорданов, жири комисијата беше во состав Софка Прчева и Драган Дојчиноски, за техничка обработка на прашањата и дигитална презентација на квиз натпреварите беше задолжен Тони Пајдаков, додека водител на натпреварот и годинава беше Бранимир Јовановски.
Повеќе: РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР 2022
002На 27.09.2022 год од 18.00 до 19.00 часот, во големата конференциска сала во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, на ул.11 Октомври 42а, Скопје, Центарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје ќе организира презентација под наслов:
“Exopulse Mollii прв невромодулациски костум“
Презентацијата ќе ја одржи Д-р Ивана Рајнпрехт Фолнеговиќ од Загреб, Република Хрватска. Презентацијата ќе се одржи со почеток во 18.00 часот, ќе трае 45 минути и ќе биде презентирана на Хрватски јазик.
Оваа презентацијата пред се е наменета за лица заболени од Мултиплекс склероза, Паркинсонова болест и Церебрална парализа.
Ги повикуваме членовите на Мобилност Македонија да присуствуваат на презентацијата на оваа новина.
002На 10 септември 2022 година, во Копер, Словенија, се одржа 53. „Меморијален турнир на проф. Бојан Хроватин“, кој воедно за словенските натпреварувачи беше и 32. Државно првенство на Словенија, а за учесниците од регионот и 8. Меѓународен атлетски натпревар за спортисти со параплегија и квадриплегија.
На натпреварот настапија 68 спортисти. Покрај домаќинот Словенија кој настапи со најголем број на спортисти, учествуваа и натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија и Чешка.
Мобилност Македонија на натпреварот ја претставуваше Александар Јовановски, кој во конкуренција на 14 натпреварувачи во класа Ф54 го освои 8-то место.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВАШЕ НА 53. МЕМОРИЈАЛ Проф. БОЈАН ХРОВАТИН, КОПЕР 2022
001На 07.08.2022 година претседателот на Мобилност Велес, Миланчо Арсовски, во Кампингот Љубаниште во Охрид го отвори Летниот инклузивен камп за деца со и без попреченост во организација на Мобилност Велес.
Кампот е дел дванаесетмесечните активности во рамките на проектот „Заедно сме подобри“, кој Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Велес, Градско и Чашка - Мобилност Велес, го спроведува со поддршка на општина Велес, а во рамките на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 - ReLOaD 2, финансиран од Европската Унија.
Во рамките на проектот, поставена е првата рампа за влез во водите на Охридското Езеро за лица со инвалидска количка, соодветен тоалет, и адаптирани се неколку бунгалови со пространи купатила и соби за престој на лица кои се движат со инвалидска количка.
Повеќе: ИНКЛУЗИВЕН КАМП ВО КАМПИНГОТ ЉУБАНИШТЕ - ОХРИД
LogoНа 28-29.06.2022 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, се одржа Национална работилница за подготовка на „Национална стратегија за правата на лицата со попреченост. Мобилност Македонија на ова работилница ја претставуваше претседателот, Бранимир Јовановски.
Работилницата има за цел врз основа на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, да ја подготви новата „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“ со краткорочни, среднорочни и долгорочни активности со фокус на конкретни мерки за поддршка на лицата со попреченост.
Во овој процес за изработка на стратегијата се вклучени: Министерството за труд и социјална политика како носител на „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“, Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, како иницијатор на процесот на изработка на стратегијата, Националните инвалидски организации, меѓу кои и Мобилност Македонија, други организации на лицата со попреченост и родителските организации, Народниот правобранител, Здружението на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС), трите најголеми стопански комори и други социјални претпријатија познати како модел за работна интеграција, како и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
Цели на работилницата беа:
Повеќе: НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА НОВА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО...