НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

003На 07-08.10.2023 година, во хотелот "Галеб" во Струга, се одржа 29. Републички квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
По претходно одржаните квалификациски натпревари на 14.09.2023 во здружените членки на сојузот, тринаесет здруженија пријавија учество на овој прекрасен настан кој изобилуваше со многу знаење, самодоверба и снаодливост од страна на сите учесници.
По одржаните четири четвртфинални квиз натпревари во саботата, 8 екипи изборија пласман во полуфиналните борби, за да на крај четирите најдобри екипи (првопласираните две од секоја полуфинална група) се пласираат во големото финале.
Повеќе: РЕПУБЛИЧКИ КВИЗ НАТПРЕВАР - МОБИЛНОСТ КУМАНОВО ШАМПИОН ВО ЗНАЕЊЕ ЗА 2023 ГОДИНА
001 23Минатата година Мобилност Македонија со здружените членки имаше активност на прибирање на барања од членови за добивање на ортопедски помагала (колички, штаки, одалки...), како донација од хуманитарната организација "Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежни дни" од САД.
Во меѓувреме, се смени тимот на директори на организацијата за Македонија и Косово со заминувањето на Дарон и Карен Хадок, и се направи подолга пауза од скоро една година.
Денес во канцеларијата на сојузот се сретнав со новите хуманитарни директори на организацијата, Клеј и Кетрин Стрингам, со кои по кусото претставување се договоривме да ги продолжиме активностите, всушност како да започнуваме од почеток, до понеделник треба да им го испратиме списокот на бараните помагала, а тие пак да најдат можност за транспорт на контејнерот од Кина.
Како и да е, соработката продолжува.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА АКТИВНОСТА ЗА ДОНАЦИЈА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА ОД ХУМАНИТАРНА...
020Од 02-08.10.2023 година, во Охрид, под покровителство на Мобилност Македонија од средствата обезбедени од финансирање на програмските активности за 2023 година од Министерството за труд и социјална политика, се одржува 12. Меѓународна ликовна колонија на која заеднички творат нашите талентирани членови и ликовни уметници Роза Мојсовска и Тома Димовски, со петнаесет ликовни уметници од Србија и Северна Македонија: Проф. Зоран Јакимовски, Петар Попчев, Доне Мајновски, Димитар Димитров, Јоана Арсовска, Емилија Тоциновска, Стојче Тоциновски, Живко Пренџов, Клара Томиќ Касаш, Станислава Летиќ, Љиљана Недељков, Ана Фафулиќ, Јасмина Пајовиќ, Жарко Ѓукиќ и Светлана Мориц Миладиќ.
Токму учеството на ова наша манифестација во минатото беше инспирација за нашиот член Тома Димовски да се запише, а подоцна и да дипломира на Академијата за ликовни уметности при УКИМ, а потоа и да заврши мастер студии.
Повеќе: 12. МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА
001 2023Мобилност Македонија посочува дека овој ден, кој се одбележува секоја година на 6-ти октомври, треба да послужи како платформа за подигање на свеста за церебралната парализа, за поддршка на оние кои живеат со оваа состојба и се залага за поголема вклученост и разбирање. Децата и возрасните погодени од церебрална парализа често се соочуваат со предизвици кои го попречуваат нивното целосно учество во општеството. Денот фрла светлина врз потребата за зголемена свест, разбирање и поддршка за лицата со церебрална парализа.
Темата за Светскиот ден на церебралната парализа во 2023 година е „Заедно посилни“. Оваа тема ја нагласува важноста на единството, соработката и взаемната поддршка во заедницата за церебрална парализа и пошироко. Истакнува дека кога поединците, семејствата, старателите и заедниците ќе се здружат, тие стануваат моќна сила за позитивни промени и вклучување.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА И ГОДИНАВА, СО АПЕЛ ДО ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВАТА И...
001На 13.09.2023 година претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Софка Печева, остварија работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
На получасовната работна средба дискутиравме за повеќе прашања од интерес на правата и заштитата на лицата со телесен инвалидитет, но и за подобрување на финансирањето на националниот сојуз, Мобилност Македонија.
Истакнавме дека очекуваме нашите барања кои во изминатите години повеќекратно ги доставувавме до Владата на РСМ, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, а се однесуваат на зголемувањето на износот на надоместоците од социјалната заштита (нега и помош од друго лице, попреченост, посебен додаток...), да бидат земени во предвид и реализирани со новиот Буџет за 2024 година.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА