На 28-29.09.2024 година во хотелот "Струшки Галеб" во Струга, во организација на Мобилност Македонија, беше одржано триесеттото јубилејно издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, на кој учество зедоа 16 екипи од здружените членки на сојузот.
Во фер и коректна борба пропратена со изобилство на знаење и точни одговори, најдобар успех и титула "шампион на знаење за 2024 година" ја освои екипата на Мобилност Скопје 2 во состав Христина Просковска, Игор Николовски и Шериф Шерифовски кои освоија 99 поени, второто место му припадна на Мобилност Куманово кое го претставуваше Страшко Коцевски кој освои 68 поени, додека третото место го освои Мобилност Велес во состав Зоран Димов и Владо Владов кои освоија 60 поени. На четвртото место се пласира екипата на Мобилност Тетово во состав Веле Јаќимовски, Драге Маркоски и Виктор Дамјановски кои освоија 30 поени.
Овие четири екипи ќе бидат носители на четвртфиналните групи на следното издание на квизот идната година.
Претходно, во првото полуфинале се сретнаа екипите на Мобилност Куманово, Мобилност Скопје 2, Мобилност Битола и Мобилност Штип. По жестока и мошне неизвесна борба редоследот во оваа полуфинална група беше:
1. Мобилност Скопје 2 со освоени 88 поени,
2. Мобилност Куманово со освоени 74,
3. Мобилност Штип со освоени 70 и
4.Мобилност Битола со освоени 17 поени.
За натамошните борби во финалето се пласираа екипите на Мобилност Скопје2 и Мобилност Куманово, додека борбите ги завршија екипите на Мобилност Штип и Мобилност Битола.
Во второто полуфинале се сретнаа екипите на Мобилност Скопје 1, Мобилност Велес, Мобилност Тетово и Мобилност Кочани. Редоследот во ова полуфинална група на крајот беше следниот:
1. Мобилност Велес со освоени 94 поени,
2. Мобилност Тетово со освоени 68 поени,
3. Мобилност Кочани со освоени 53 поени и
4. Мобилност Скопје 1 со освоени 37 поени.
За натамошните борби во финалето се пласираа екипите на Мобилност Велес и Мобилност Тетово, додека борбите ги завршија екипите на Мобилност Кочани и Мобилност Скопје 1.
Мобилност Македонија организираше и одржа уште една содржајна културна манифестација за која прашањата ги подготви Зоран Јорданов, за техничка подготовка и компјутерска обработка на податоци беше задолжен Тони Пајдаков, водител на манифестацијата беше Бранимир Јовановски, а жири комисијата беше во состав: Совка Прчева, Гораст Велковски и Зоран Јорданов.
Средства за одржување на оваа традиционална културна манифестација беа обезбедени преку Министерство за социјална политика, демографија и млади за финансирање на програмските активности за 2024 година.